јас секој месец си ги средувам ноктите со корекција, најпрактично ми е и не е страшно значи у месец по 10 мин ако ги држиш под таа лампата. Девојкава што ми ги средува дома си работи, полна со идеи а јас секогаш имам средени нокти без да се замарам на работа и да се срамам пред клиенти дали ми се изљупил лакот за нокти.
И јас сакам да ги средам моите.. сакам да идам овие денови. Сум читала дека твоите природни по отстранување се доста оштетени. Еднаш ставав летото и да без оштетени но сепак.. ако редовно ставаш и стекнеш навика на редовно одење навистина вреди. Обожавам кога ке видам кај некој секогаш средени нокти. Другарка ми има природни.. преубави и се долги. Сите мсилеа дека ги задградува. Но моите и да запнам да ги чувам се доста кршливи и буквално нема зашто.
И мене месечен ритуал ми е средувањето на ноктите, и токму вчера за време на истиот, девојката која ми ги средува ми предложи да ми направи гел полиш, а тоа е да ми се лакирани со траен лак. потоа малку гооглав на темата и видов дека има можности и за домашен третман со овие гел полиш, па сакам да ве запрашам дали можеби некоја од вас тоа го практикувала, од каде набави материјал, по која цена и секако дали е задоволна?
Моите природни нокти се убави долги и цврсти.Пред некој месец бев на една прослава и се решив да ставам надградба затоа што баш тој период ги исеков и ми беа мали.Тоа ми беше прв и последен пат, значи никогаш повеќе нема да ставам.Навистина и со надградба убаво изгледаат средени и се тоа во ред ама кога ми се извадија 3 месеци после тоа не можев моите да ги опоравам.Меки кршливи остај тоа него една недела неможев нишо да фатам дури ме болеа.И од тогаш реков повеќе не сега си ги имам моите средени пиц-пец .
Девојќи помагајте Во недела се регистрирам, па во хаос сум, ноктите остана да ги решавам во последна минута. Препорачајте салон за надградба или некој што работи нокти приватно, по по приступачни цени...
devojki za gelni nokti da si napravam doma ke treba da si kupam UV lamba za pobrzo susenje ili moze i bez nea ??
Еве повели, добро работи девојкава https://www.facebook.com/sugarlove.nailssanja?fref=ts а и оваа добро работи https://www.facebook.com/natalija.nails?fref=ts
Во ова видео девојката работи со Акрил тоа не е никаква крема. Инаку гелови можеш да најдеш во X treme nails Macedoniа, а цената зависи од милитражата во принцип од 1000 ден за 15мл па нагоре
сакам да ставам гел на нокти(ако успеам да ја дораснам до матура големината ок ако не надградба кје напраам)сакам да прашам дали гелот ги оштетува ноктите.ми велат дека ко шпагети ги прави.сакам да ставам дека нема да се замарам со лакирање па ми се потфатил ноктот па турпии па ацетон.... а вака па ако ми ги оштети ноктите кје неможам во ред да ги доведам и онака едвај се откажав од грицкање.
Уште при подготовката на ноктите за ставање гел, со самото тоа што се турпија горниот слој за да може да се врзе гелот, на некој начин се истенчува ноктот.
Девојки, ај препорачајте ми / пишете ми ЛП каде во Скопје (Центар, Карпош 1) можам да си ставам гел на моиве нокти (цена: до 500 денари). Другава недела сум на свадба, па дури не ми се испокршиле ноктиве да ги средам.
Девојки имам убави природни нокти ама незнам што ми текна во последно сакам да одам на надградба ама ме фајка страв после да не ми се зафркна па да се мачам со месеци да ми зараста... ве молам за совет што да правам...
^^ И јас имам убави природни нокти што ретко се кршат, големи плочки и еве три пати веќе им ставам гел сега малку ги одмарам. Не ставам надградба затоа што ми се доволно долги , само гел на мои нокти. Јас сум задовлна, гелот го вадам кај козметичарката која и ми го прави и немам проблем со пукање, кршење. Треба да ја избереш соодветната козметичарка, мојата работи супер, многу професионално, гледам оди на семинари, се надоградува, а и до ноктите е, ама ако ти се тврди и не ти пукат не се секирај.
јас веќе 2 месеци имам надградба на нокти. веќе и моите се пораснати па кога ќе одам на втора корекција гелот ќе биде на моите нокти премногу сум задоволна од девојчето што ми ги правеше. ниту еден од типсовите не ми падна а веќе се 2 месеци. а и ефтино е 350 ден. бидејќи ми се познаваше кога ми пораснаа а не сакав да правам корекција ми го истружи само горе и ми го премачка одново со таму таа течност не знам што е и не се познаваат дека ми се пораснати
А што е разликата меѓу акрилни и гелни нокти? Никогаш немам ставано ништо, а сакам сега да ставам и сакам да знам која е по добра опција И ако може некој линк да ми дадете од некој и отприлика да ми кажете колку се цените
гелните нокти се со гел било на твојте нокти било на типсови, акрил е некој гел кој може да се модулира не знам како да ти објаснам, а лиени нокти се на твоите малку пораснати нокти да и излие од гел нокт ако ме сфати а цените се секаде различни ама не значи дека ако се поскапи ќе бидат поквалитетни
хаха фала ти мислам дека сфатив сакам онакви стилето што се..многу ми е мерак многу се убави ќе побарам некои видеа па ќе видам што ќе ставам