Абе да ве прашам вие што ставате надградби, кога ќе ве видам по месец ден, со подраснато 5 мм, не ви е глупо? Колку грозно и ужасно изгледа... не можете ни да си замислите... Се гледа дека ги ставате од пичвајз, а не сте во состојба ни финансиски, ни временски постојано да ги корегирате... Значи, поодвратно е од излуштен лак!
^Абе ја еднаш стаив за матура, али после едвај си ги опраив моите, и тоа еднаш, а не па целовреме да ставам. Шо знам, ако више ставаш треба секој месец нови да ставаш. 1. Не се ич практични, буквално си беспомошна и саката. Ја не можам така, кој може свака част. 2. Не моеш цел живот со вештачки нокти, еднаш твоите ќе мора да си ги опраиш, а тоа ќе биде лошо и шокантно. 3. Ме асоцира на некои вработени дами кај што плаќам сметки и ми ствара негативна слика. Убави се, не викам не, али...
Мислам дека проблемот кај нас е што 95% од девојките што прават надградба појма си немаат како да ракуваат со ноктите. Ноктите сами по себе се ужасно тенки, а кога ќе видам како ги турпијаат по 5 минути ми доаѓа да заплачам Не викам дека гелот не допринесува во кршењето на ноктите, ама многу повеќе влијае како ќе ги припремат ноктите. Секоја втора станала „техничар“ за нокти, а да ја прашаш од што е составен ноктот нема два збора да знае да каже. Да не зборам што на сите почетна цена им е 500 денари без разлика што појма си немаат од нанесување на гелот, за декорација да не почнувам. 500 денари за замачкани заноктици? Не, фала.
Jaс за матурата си ставив гел на моите природни нокти. Е сега кога ќе почнат да растат ноктите, што да правам? Како можам да го извадам гелот?
Каде има квалитетна надградба на нокти каде што нема да ми се коцкасти,неприродни? И да не е цената над 1200,во близина на Центар,Капиштец? ЛП ако може.
Ќе идеш таму кадешто си ги ставила ноктите и ќе ти ги извадат, можеш и сама ама има повеќе веројатност да си ги оштетиш, вака најдобро ќе ти ги извади девојката кајшто си ги ставила
Може контакт во ЛП од некоја девојка што прави нокти во близината на населба Лисиче и да не е многу скапа? фала
да тоа турпирање е смрт за ноктите ама верувај без тоооолку многу турпирање ноктите ќе ти паднат за 1 недела. за нова година ставав нокти кај девојче што прави нокти дома и ноктите ми паднаа одма. ми ги затурпира тро одозгора и ми залепи типсови, гел таму се што требаше и ете ми паднаа за 1 недела. а сега каде што одам девојчето има завршено курс и еве типсовите ми стојат 2 месеци имам пишано и погоре... значи голема улога има тоа каде одиш и дали тој некој има завршено курс или гледал на youtube како се ставаат
Работата на гелните нокти не е да се стават еднаш и да не се сменат 2 месеци, туку барем 2-3 недели да си раат. Да се дешава да ги остаиш малку поише, ама никао поше од 4ри недели. Или барем да се камуфлира добро да не се познава дека се пораснати, а тоа може да се направи. Ноктите после тоа се како го*ма, да али кога не си претен и немаш ни време ни желба да ги ц`цкаш, гелните се совршен избор.
Херба Маркет, карши Влахов школото во зградите е. Една девојка ми рече дека таму имало се, јас бев пред некој ден, ама касно отидов и затворено беше. Немаат сајт за да ги видам производите и цените, само страна на фб имаат, и на неа има поише слики од фризерски производи. Има српски сајт, ама тој не ни врши работа. Работат до 4 попладне, деновиве планирам да поминам пак. Знам и за продавница позади бугарска амбасада, во зграда е на први спрат, само не знам како се викаше. Од таму си имам купено посебни турпии за вештачки нокти (дека обичните многу брзо отапуваа), ама не знам дали имаат материјали за изработка на нокти. И сега видов дека во името имаш Штип. Ако си од таму, нажалост не знам каде може да најдеш материјали...
нема да го вадиш гелот ке си отидеш на истата што ти ги местела и ке ти изврши корекција на ноктите односно ке го извади стариот гел ке ти стави нов со нова шарфа и така еднаш месечно ке си одиш на корекција и ке си бидеш стално средена во ноктите
оди на темата он лајн шопинг и на таа страната од кај што порачуват имаш и матерјали за нокти се и сешто направи си една порачка многу е поефтино од кај нас
Но не сакам да ставам повторно гел. Не знам ни зошто ставив за матурата но...веќе бидна. И онака имам долги,цврсти и средени нокти без притоа еднаш месечно да морам да одам некаде и друг да ми ги прави
Како и да е, ако не сакаш повторно најдобро е таму каде што си ги правела ноктите да ти го отстранат гелот.
Девојки пред отприлика 3 недели си ставив надградба со гел, вештачки значи и сега не знам како да ги извадам.. Да одам кај таа што ми ги ставаше ке ми земи пари а не мислам да давам и за вадење знае некој како да ги извадам?
Девојки,ај помош малку.Утре вечер сум на свадба па еве сакам да си ставам надградба.Ќе ве замолам да ми препорачате девојка која добро работи,и да не биде нешто прескапо.Во Прилеп,инаку.
До пред некој ден бев решена дека сакам да ставан надградба ама сега некако се предомислувам. Ми пораснаа моите нокти убаво, таман ги опраив несакам пак да ми станат кршливи. Јас од тие надградби си ги уништив ноктите. Имав многу убави цврсти, долги нокти и од кога почнав да станам ( не ставав редовно, само за нова година, свадби и тн.) почнаа да ми стануваат кршливи никакви, едвај полека ги оправам. Сега се мислам само гел да им ставам на моите ама незнам, од тоа се оштетуваат? Ако е исто како надградба ни тоа нема, ќе си ги лакирам моите