Не знам точно каде,па тука ми се чини за најсоодветно да го пишам моето прашање Дали некоја феминка знае каде се купува парафин (тоа што го користат за маникир и педикир) и како точно се раствара и нанесува?
Еднаш и веќе никогаш. Ионака имам премногу чувствителни и кршливи нокти, од надградбата поточно од гелот, уште толку ми се надразнија. Едвај ги оправив. Си се навикнав на тоа дека имам мали нокти, веќе не тежнеам кон долги и остри ко на тетките од филмовите за возрасни. Супер ми се, најважно е да се здрави.
Јас пак,имам само пофални зборови за геловиве. Сама си ставив на мои нокти,значи како што ми беа доволно пораснати само си ги нацртав со лакови и одозгора ставив безбоен гел.Еве веќе трета недела ги носам(планирам еден месец ми стојат,а после ги вадам) и во одлична состојба се.Епа богами,цел месец да не берам гајле дали ќе ми се скрши нокт или не,да не бришам и да се лакирам на неколку дена,ова е и повеќе од поволна опција. Можи поинаку ќе зборував да се расправав со салони или козметичарки,вака штом се мое производство морам да ги фалам. Како и да е ,гелот си е паметна работа.
Фактички си купи гел,и си го нанесуваш врз твоите нокти за да ги зацврстиш,така? Јас вака разбрав,и колку пари го купи,со што го нанесуваш?
^^Да,така е. Гелот,мислам околу 250 денари и го нанесувам со четче за гел.Но после тоа треба да го испечеш гелот во УВ ламба.
Сосем малку ги стругнав,чисто од (таа)мисла,ма да мислам дека не игра никаква улога стругањето и вториот пат кога ќе ги правам нема да ги стругам. Од парфимерија.
неможам да си ги израстам ноктите како што сакам затоа што најмногу на показалецот и средниот прст ми се кршат ми се лупат и не изгледа убаво..како да го спречам лупењето????
Оваа тема ми беше најсоодветна за моето прашање.. Да не знаете дали и каде во Мк може да се најде потребниот материјал за нокти (ув ламба, гел..) ?
^ Во специјализирани продавници кои работат со таква опрема или преку дистрибутери кои снабдуваат козметички и фризерски салони.
за тие што сте правеле нокти со гел, може ли да ми објаснете постапка по постапка како се прават што ставате најпрво на ноктот па се до крајот бидејќи уште малку ќе одам на одмор и сакам да си ги направам, си купив UV гел и ламба пробав па нешто не ми излегува како што треба
Значи прво ги турпаш ноктите, ставаш прајмер за гелот кој што бавно се суши. После ставаш гел и на крај гел во боја по желба.
Тоа и ти било главниот проблем, ако немаш ставено од тоа гелот нема на што да стои. Инаку тоа сигурно го има на местото каде што си ја купила УВ ламбата, изгледа вака . Ова е само еден, имаш разни. Ако пак неможеш да го најдеш таму тогаш го имаш на страниците на фејзбук каде што продаваат материјали за нокти.
Dali mozi da mi kazete nekoj dobar salon za nadgradba na nokti (gel/akril nevazno) vo Karpos 4, cena... THX
Значи, поглупо нешто од надградба на нокти нема. И што е најжално, сите го сметаат wow, и тие од салонот така им ги залепат, ни ги истурпираат, ни средат, страшно, а и кога вида дете од 4то одделение ставило...
Значи отсекогаш сум била против овие вештачки чуда на нокти, но за жал сега секоја втора ги има .. сите матурантки и невести не можат да се замислат без нив, дури и оние од 12, 13 години почнаа да ги стават