Надградбата на нокти е практично од многу причини се разбира доколку се квалитетно и убаво направени и да не изгледаат многу вештачки. На пример јас имам многу слаби нокти (отсекогаш ми биле такви) и за мене надградбата е спас во буквална смисла. Едноставно месец и нешто ноктите ми се средени
Аj феминки ако може совет: Сакам да ставам вештачки нокти и ако ги лепам со секундарен лепак или не? Немам почнато па сакав да се консултирам прво. Фала многу
^ Никако со секундарен Јас кога бев помала така лепев, и ноктиве ми беа катастрофа, никакви.. Имаш специјален лепак за нокти, го има по маркетите.. Не е ништо повеќе од 75 денари..
Кои техники постојат за надградба на нокти? Што е тоа акрил надградба? Која изгледа најприродно,е најлесна за одржување и најмалку ги оштетува ноктите? После се доцртува на нив ,се лакираат како сакаш или? Сакам да не бидат многу долги,да изгледаат пристојно и негувано? Постои нешто такво?
Јас знам за лиени нокти Се допродолжуваат ноктите со гел (мислам ) , односно не се лепат типсови. Акрилот всушност е нешто како прашок кој се раствара. Еве ова е акрил. И нокти со типсови, oвие се оние кои ги лепат. Јас имам имано лиени нокти. Па така да не знам кој се најиздржливи. Да, може да се доцртува на нив со лак или со гел лак.
Морам да те цитирам тука затоа што имаш забрана за пораки, и не можам да ти одговорам на пораката што ми ја прати. Инфото ќе го ставам во спојлер (да не испадне дека правам реклама). Па откако Maya3112 ќе го прочита, админката на темата може да го избрише мислењето. Спојлер 078 310 189 Девојчето се вика Магдалена, и гелни нокти со типсови мислам дека сега ги наплака 600 ден. Најдобро јави и се и прашај си. И онака обично закажува барем 3-4 дена унапред за термин зошто е фул со работа. За останатите феминки кои ќе го прочитаат ова, не е ова бројче од студиото Тимотеј, туку од девојче што работи сама дома, феминката погоре ми побара инфо од неа.
постои надградба со гел и надградба со акрил... и двете се штетни гелот( го печеш повеќе пати на ув ламба) а додека акрилот(е некоја штетна материја со прашок така некако) но ако тргнеме од тој аспект и воздухот што го дишеме е штетен така да... еве јас веќе година дена си ги правам.. надградба па корекција и ноктите ми се супер секогаш средени.. од коа ќе ти го стават акрилот/гелот цртат што и да посакаш како сакаш.. за должината ќе си се договориш со козметичарката и само пази да не ти бидат многу дебели така да ќе им напоменеш да не ти се и со тоа ќе ти изглеат поприродни... За одржување и двете се лесни... одиш ти ги прават и после 3 недели до месец ти се средени
Девојки можете ли да ми пишете во лп телефонски број каде ги правите ноктите по можност некаде центар-аеродром и до 400-500 денари? Ве молам,сакам да си ставам што побрзо додека имам пари затоа..
ќе ве замолам, да ми пишете лп број на некое девојче од битола, сакам нокти да си ставам, некое може дома што работи, до 400-500ден...
Девојки ставив наливни нокти, па сакам да ве прашам дали може да ги излакирам со лак за нокти во друга боја, дали после се вади лакот?, да не ги зезнам? да ги оставам вакви како што се
секако дека можеш да ги избришиш со средство за отстранување на лак ама без ацетон ако се плашиш дека можат да ти се оштетат
Ве читам и ви се чудам како ви издржуваат ноктите месец и кусур!!! Јас носам 15 години надградба на нокти а почнав не за убавина туку за да се одвикнам од гризење на нокти, за да ги оздравам моите нокти. Надградба на нокти повеќе од 2 недели не трае, се појавува израсток, доколку е работена со квалитетен материјал кој му овозможува на ноктот да дише. Еве какви ми се моите нокти две недели после надградба, и бидејки вчера ми се скрши еден нокт ви приложувам да видите како изгледа и како треба да изгледа природниот нокт после вадење на надградба (гел). Сакав утре да одам да ги средам но не можам ама во тек на другата недела одам а до тогаш одозгора ќе ги прелакирам со лак кој ќе го покрие израстокот и скршениот нокт.
Пред неколку дена ги надоградував ноктите со пластика..малку ми беше чудно да се навикнам со нив, но за неколку дена помина..задоволна сум од нив. Ова ми е прв пат да ги правам..наскоро и слика ќе ставам, кога ќе ги сликам