Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надградба на нокти

Дискусија во 'Тело' започната од Mireto, 20 ноември 2009.

  1. Tinnnna

    Tinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    50
    Можеби е скапо,ама вреди,ако сакаш да научиш како што треба и квалитетно,занатот останува засекогаш.. :)
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Еден корисен текст за негативната страна на 'убавите' нокти. Од таму кај што ја копирав статијата нема слики од последиците ама прогуглајте има што да се види.

    Од загноени рани до рак на кожа:
    Како маникирот може засекогаш да ги уништи вашите нокти


    Се’ поагресивните стилови на третман кои се применуваат денес во салоните за маникир можат сериозно да ги оштетат ноктите. Можете да станете подложни на инфекции, осип...

    Опасни гелови

    Геловите кои се многу популарни, и кои се применуваат така што се оставаат да зацврстат под УВ лампа, а се отстрануваат со помош на ацетон, исто така можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето. Иако нивниот пазар доживува вистински бум, затоа што траат подолго време, дерматолозите се загрижени затоа што употребата на УВ лампа го зголемува ризикот од рак на кожа. Студија од 2009 година покажала дека кај две средовечни жени кои во семејството немале никој заболен од рак на кожа, се развил тумор на рацете затоа што ноктите ги изложувале на ултра-виолетовото светло.

    „Некогаш добивав многу коментари на сметка на моите нокти“ – раскажува Антонија Мариконда од Велика Британија, ТВ новинарка и водителка.

    „Често одев на маникир и тоа ми претставуваше мало засолниште и место за опуштање. Воедно, бев и горда на тоа колку убаво ми изгледаа ноктите“.

    Меѓутоа, таа сега ја плаќа цената за сите комплименти кои ги добила поради убавите нокти.

    Со оглед на тоа дека со години редовно ставала вештачки нокти дошло до трајно оштетување на ткивото на ноктите, кои сега и’ се излупени, истенчени, и’ растат во месото и склони се на кршење.

    „Немав претстава дека под убавата, елегантна и исполирана површина моите нокти навистина патат“ – вели Антонија.

    Лекарите и’ рекле дека ќе биде потребно да помине година дена за ноктите да и’ се опорават, и дека никогаш нема да имаат цврстина како порано.

    Нејзините проблеми започнале кога маникирката ја убедила дека ноктите подолго време би и’ биле убави ако стави акрилни врвови.

    „Првиот пат кога ги ставив бев многу задоволна. Изгледаа природно“.

    Но, кога Антонија се вратила во салонот да ги замени, започнала сосема друга приказна.

    Се покажало дека отстранувањето на ноктите е многу потешко од неговото ставање. Исто така, морале тотално да ги истурпијаат од нејзините природни нокти.

    „Ми рекоа дека треба да се пополнат и израмнат на површината на нокотот за да може да се нанесе нов слој. Но, тие го правеа тоа толку агресивно што лежиштето на нокотот почна да крвари“.

    „Исто така, забележав дека маникирката не ги фрлаше употребените турпии, што воопшто не ми изгледаше хигиенски“.

    Сепак, отишла во истиот салон уште неколку пати, но бидејќи веќе не можела да ја издржи болката поради пополнувањето на ноктите, одлучила да ги остави своите.

    Извор: Точка
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    ^
    Artemission мила и тебе ќе те саботираат како мене,дека сајтот копира статии кои се лажни и дека не е медицински поткрепено со факти :D Иако верувам постојат жени и девојки кои веруваат во вакви "небулози" ;)
     
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Па кој сака нека верува, кој не не мора, изворот во случајов е ирелевантен :)
    Секој за себе е одговорен и одлучува како ќе го третира телото. Верувам дека оние што ставиле барем еднаш надградба, тука се вклучувам и јас, го знаат after ефектот и колку се 'среќни' наредните година дена додека се стабилизираат, а можам само да замислам што се случува после долгогодишно надградување (до душа го имам Гугл и можам да видам де). Некогаш од еден обичен лак пожолтуваат ноктите и не можеш да ги доведеш во ред, а не па со редовно и интензивно третирање.

    И од друга страна хигиената. Многу, ако не и сите, од оние што прават надградби и лакираат користат исти сетови за нокти што е крајно нечисто и се огромен извор и преносител на секакви бактерии. Тоа е исто како да се поминеш со истиот брич што го користеле уште 100 души пред тебе.
    :puke:

    Али ко што реков, секој за себе и со свој памет.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.644
    Допаѓања:
    106.683
    Пол:
    Женски

    Се согласувам со твојот пост , и од таа причина (работење со ист прибор на милион луѓе..) земав дома материјали да си ги правам ноктите ама признавам дека не ги правам често со гел. Јас ова го прчитав на друга страна и искрено се исплашив малку ама викам ако ги правам ретко ноктите се надевам нема нешто да ми се случи :| а во салон не сум била и никогаш нема да одам
     
  6. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    Девојки сакам да ставам нокти, да бидат на кремаво може и со знатно или некоја друга комбинација да ми кажете. Да бидат на слики :)
     
  7. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    ^
     

    Прикачени фајлови:

    На zaljubena18 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.644
    Допаѓања:
    106.683
    Пол:
    Женски
    Прееска бев во тоа продавничето кај што ја земав УВ ламбата, и се решив да купам безбоен гел за нокти секако да е квалитетен , ми се смачи од оној Лина гелот , ем не излегува убаво надградбата ем паѓа за два дена. Овој го земав 15 евра :sweat: и се надевам дека нема да се џабе фрлени парите. Потоа се вратив и земав уште еден ама во црвена боја, па вечер ќе ги пробам и ќе видам колку време ќе седат :)
     
  9. kravina

    kravina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7


    -Многу се убави и по самата слика се гледа. Каде ги правеше ноктите ? :)
     
  10. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Во Драчево,ако сакаш бројче пишими лп. :)
     
  11. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Девојки за Нова год. ќе носам црно фустанче ќе може ли да ми дадете некој гредлог за нокти.
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.644
    Допаѓања:
    106.683
    Пол:
    Женски

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На the.child и RedHeart им се допаѓа ова.
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Може ли некој да ми каже какви се тие наливни нокти?И дали под тие може ноктите да растат?Не ми требаат мене,мајка ми сака да става да и потпораснеле нејзините,пошто 320 денари најдовме каде што ставале наливни,ставал некој наливни од тука ,како е се тоа? :)
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.644
    Допаѓања:
    106.683
    Пол:
    Женски
    Наливните нокти се прават со помош на шаблони , се ставаат околу ноктот и се продолжува со помош на гел. И да, секако дека растат ноктите. Кога ке се извади гелот ке бидат меки ноктите, ќе се виткаат но по некое време ќе се вратат во нормала :) мислам убаво објаснив. Еве и видео да видиш како се прават наливните нокти

    [​IMG]
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Фала ти мноогу :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. PrincessLea

    PrincessLea Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3

    Од кај ти се овие нокти Bright?! Баш би сакала да си земам
     
  17. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.332
    Допаѓања:
    17.913
    Пол:
    Женски
    Јас во петок си закажав во велес 400 ден, живо џабе :rofl: преубаво ги прави ноктите, еве вакви ќе си правам :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • KN nails.jpg
      KN nails.jpg
      Големина на фајлот:
      37,7 KB
      Прегледи:
      143
  18. blueeyes7

    blueeyes7 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Здраво девојки, некој предлог каде можам да си направам наливни гелни нокти, во Скопје. Не многу скапи :D
     
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.332
    Допаѓања:
    17.913
    Пол:
    Женски
    Повелииии :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Јас во понеделник имам закажано за гелни нокти и тоа за 300 ден. мене ми се виде ефтино :D И сега се мислам каква боја да бидат бидејќи панталоните и кошулата за нова година ми се темно сино со златно... Некој предлог?