Сега ќе правам 13 години сакам ко ќе се распуштиме од нашкола на лето да ги прам ноктиве со гел кажете мми дали е убо од еднаш ако ги направам ноктиве мислам со наливање со наградба ?
абе срце 13 години ЌЕ правиш. Зашо брзаш да пораснеш и да се китиш ко тетка? Има време.. Ако ти е мерак ќе си ги направиш независно што јас ти зборам ама да знаеш дека тие гелни нокти се гломазни и на детски рачиња грдо изгледаат.
^Освен ако не ги направиш кратки и шарени, тогаш подетски би изгледале. Малку ќе ти се оштетат ноктите, но сеедно тие ќе се обноват по 5-6 месеци. На пр. нешто вакво, јас сиве сама си ги имам нацртано на мои нокти така да секоја козметичарка би можела да ги нацрта. Спојлер
Еднаш ставив и никогаш повеќе .... не да ми се оштетени ноктите ... кршливи, меки ...ме болат ... веке месец ипол неможам да си го опраам ... катастрофа со еден збор, одсега натаму само моите ке ги чувам какви се такви се барем нема некој да ми ги оштети ....
А да си купам вештачки нокти и да одам во салон да ми ги залепат убаво и налакираат обично (со еднобоен лак) колку ќе кошта? И колку време ќе траат ноктите?
Здраво девојки. Јас правам гелни нокти дома и сакав да ве прашам дали се 350 денари многу за таа услуга? Сум имала многу луѓе што доаѓале кај мене да им ги направам, но се осеќам како да треба да се смени цената. Што мислите?
ако се добро направени и си стојат,ок е цената,и јас толку ги правам кај едно девојче исто дома си работи
Ај ќе ве молам ако има некоја од Куманово да ми препорача каде можам да направам надградба,кај овие дома што работат,поефтинко?
https://www.facebook.com/pages/Gel-Nail-Art-Stefy/487607864686795 еве види,убаво ги прави или https://www.facebook.com/ivy.nails.79
супе си е цената дури и ефтино е , мене само гел на мои нокти што ми савија ми зедо 500 и тоа во маалски “салон“
Уште ова го немам слушнато ни видено без навреда ка=ко тоа со вештачки нокти ќе му одеш во салон да ти ги залепат и налакират?оффф боже абе девојко како прво ќе ти се умрат од смеа како второ кој салон би го направил тоа ? боже уште што не ќе прочитам немој да одиш да се страмиш како прво 21 век сме подобро стависи гел на твои нокти во салон или нешто друго отколку со ваква глупост да се страмиш...
Во Центар на Рекорд и внатре во ГТЦ на приземје [/quote] a dali tie gel-lakovi treba da se susat so lamba ili ne? i kolku pari se?[/quote] Да,и за гел лакот е потребна ламба
Во мојот град прават, ми имаат кажувано. Инаку фала што ми кажа дека сме 21 век, навистина не знаев. Не мора одма да напаѓаш ако не си доволно информирана. Ако не знаеш да одговориш не мора. Паметна си сега.
Мишелко, јас ја прашав оваа мојава што ми ги праве ноктите со гел, за гел лаковите, и да ти кажам дека е речиси исто, само што ако те лакираат со гел лак ќе трае ефектот пократко, нешто подолго од обичен лак, а многу пократко од чист гел, а пошто и со двата начини се користи ув ламба, штетата е речиси иста на ноктот. Е сега само со гел лак е па поефтино, ама и не изгледаат ноктите толку вештачки, и да кажам подебели, некако поприроден ефект се добива, но јас лично никогаш не би отишла само со гел лак да ме шлапаат пошто моја колешка нонстоп се лакира и плаќа по 300, и верувам воопшто не се квалитетни, не издржува лакот ни до недела, на мојата колешка најмногу до 5 дена веќе има 2-3 нокта полу излупени. Моја препорака, немој да правиш вакви нокти, поарно ако веќе имаш мерак стави гел, или па купи си за тие пари обичен лак, база и квалитетен топ коут.