Не се вади гел лакот со стружење, многу лесно се вади. Го чепнуваат само со едно дрвено стапче и си се лупи цел самиот, ама јас и дома го имам сама вадено, ако е олабавен и со нокт само малце да го чепнеш можеш да го излупиш. А за ставање знам места каде што ставаат, ако сакаш можам да ти препорачам, ако си од Скопје.
Здраво,ако може некоја девојка што работи со нокти да ми каже колку пари ја чинеше целиот материјал кога го започна бизнисот,фала
Добро бе цури има некоја да ми ја разјасне мистеријава: Зашто оваа мојава што ми прави нокти упорно ми ги сече моите пред да ми лепе типсови? Не е тоа малку нерационално тоа? Нели боље би било ако се пораснати па да ги залепе така на подолга подлога или...
Не сакам да правам нокти да не ме сватите погрешно туку сакам да си ги правам моите по дома. Не сакам да ги правам со гел затоа што моите се прилично добри. Но не би било лошо да се поцврсти. Е сега муабетот ми е затоа што знам да цртам проблемот ми се јавува што ми е потребно многу време додека да ми се исуши лакот на едната рака за да можам да ја правам другата. Дали овие ламбите што ги имате ги сушат и обичните лакови или строго само гел лакот? Или пак препорачајте ми лак кој се суши побрзо. И ако сака некој да ми препорача seller од али сакам да си купам од оние лентите за нокти.
Здраво, дали можеби некој слушнал/знае за некој салон во Белимбегово? Правеле многу добри нокти за 300 ден.
А зошто воопшто ставаш типсови,штом ти растат и имаш должина ставај си гел на природни нокти,на твоите не дозволувај да ти лепат типсови..
Женски може едно прашање Со што ви ги мачкаат заноктиците после сето тоа турпијање и кинење заноктици. Ја имам проблем со живците и заноктиците пошто ги кинам, ги лупам и крв ги правам, ама знам еднаш кога и правев друштво на една другарка на маникир,и мене ми ги намачкаа прстите со некое мелемче или гелче и за пола саат ми се регенерираа и ни трага од црвените излупени прсти. Ако имате таква информација ќе ви бидам благодарна, зашто одвикнување нема, па барем да ги лечам
Па демек вака за посигурно. Не се разбирам нешто много ... ама добар ти е предлогот. Ај наредна корекција ќе пробам така Фала на одговор.
Зависи од каде ќе ги купиш потребните работи, за ув ламбата можеш и од ибеј и алиекспрес да ја земеш и за 10-15 евра ама тие геловите,прајмерите и топ коатот не ти ги препорачувам од таму да ги земеш зашто не се воопшто квалитени,јас ги имам користено ама воопшто не сум задоволна. Можеш за цени да ѕирнеш на фб страните јас ти ги препорачувам Angel Gelovi Macedonia
Коловоз УВ ламбите се само за гел ама има и такви ламби кои сушат само лак, јас едно време сакав да зимам ама се откажав, сватив дека не сакам да работам со тоа http://www.depileve.com.mk https://www.facebook.com/depileve.mk/photos
Форумки сакам да ве прашам доколку знаете. Каде може да купам течност за акрилни нокти инаку имам пудра за акрилни нокти а не и течноста (acrylic luqiud). Дали знаете каде можам да најдам или пак самата да си ја направам?
Барамдевојце за нокти( гел) и да знае да депилира за работа во салон во скопје.ако има заинтееирани писете