Нокти Акрилните ако не се лажам се прават со некаков прав. А не сакам обични француски маникир, досадено ми е, така сама си ги правам многу често, сакам нешто да сменам. Еве како јас си ги правам најчесто
Нокти Еее Да...такви слични можеш да добиеш со гел...она класично бело или нанадолу бело ( ако ме разбираш ) е и плус ако сакаш некој додаток може печат или оние налепници...е ако козметичарката е креативна може со лак или сипки нешто да измисли! Гелови има црн, сив, бел, црвен...е сега најново ја ги имам моментално гел ама од сипки ( не се сипки не светат толку ) ама изгледаат многу по природно од класичен француски...има бел, виолетов и плав! Додека со акрил имаш поише избор и плус креативност ете ти штосни нокти!
Нокти Мене овие од Queen некако дебелки ми се гледаат, не знам дали така изгледаат или навистина се подебелки. Јас клавам гел, и го носам по 3 недели, пристојно и убаво ми изгледаат ноктите до тогаш, после почнува да се поткршува, ептен да се познава пораснато и одам на поправка. Сега ке ги правам пократки, и црвени за празнициве, со црвен гел, и некоја интересна шара во бела боја. Акрил имам носено, дебелината тука некаде е. Јас инсистирам со гел кога ми ги прави да не ми се дебели, и поубаво ми некако со гел од со акрил
Надградба на нокти носам веќе 12 години. Ги ставив затоа што ги гризев моите нокти и сега не можам без нив. Инаку ставам гелна надградба со типсови. Моите нокти не се воопсто уништени!!! Напротив, си добија прекрасна форма и се опоравија од грицкањето, претходно беа ужас. Се зависи од тоа каде ги ставате и сокаков материјал работат. Така да потполно препорачувам!!!
Па штом имаш 12 години гел на ноктите значи ти не ни си видела како личат твоите нокти кога ќе го извадиш СКРОС гелот. Оштетени се. Но поминува за некој месец до два. Всушност кога ќе ти израсне нов нокт тогаш е комплетно здрав, зашто претходно се струга, се става лепак, се ставаат гелови кои колку и да се добри му штетат на природниот нокт. Јас обожавам нокти гелни и посебно на природен нокт. Имам ставено акрилни 2 пати во Афродита супер се, ама ги немам надградено, по месец до два ми траеја, а лани ова време носев 3 месеци гелни нокти. Ама престанав. Во Диор ги правев и супер беа, ниеден не ми се скрши, секако додека ги средував и одев на корекции на 3 до 4 недели. Реално надградбата на нокти е луксуз. Секој месец минимум од 500 до 1000 денари треба да даваш. Нема секој посебно младите кои треба од мама и тато да бараме 10000 годишно за нокти. Па ќе ме застрелаат моите! А моите нокти од 800 денари и тоа како се разликуваа од ноктите на другарка за 400. И пожолтеа на 2 дена, цел лепак се гледаше од страна. Јас од Диор бев задоволна и повеќе отколку што очекував. Може тие од 2000 и се подобри, ама тоа е премногу. Кога би имала средства би си ставала пак гел
напротив, ги имам видено моите нокти како изгледаат, затоа и зборувам. Но секој си има право на свое мислење. Ако сакаш да ти казажам кај ги правам веќе 12 години остави ми приватна порака за да не рекламирам овде козметички студија.
И јас сакам да си ставам надградба на нокти ама не знам каде Не ми се даваат 2000 само за надградба, бидејќи секако ќе треба на 3-4 недели да идам на корекција. Ако најдам во Скопје негде до 1000 да става некој одма ке идам. Па така да ако знаете некој кажувајте
Јас искрено не би ставила надргадба на нокти..зошто кога можам сама да си ги израснам и налакирам? а и често знам да си ставам вештачки нокити за ден-два и после ми поминува меракот уф идната недела штом заврши школото одма пуштам нокти и се лакирам. имам срека што ептен брзо ми растат
Имаш и за 500 денари ама колку се квалитетни и како ќе ти ги уничтат твоите не знам . Јас имам од тие 2000 што се и 12 години ги одржувам. Не можам да замислам да сум без нокти а оденњето во салон ми е релаксација а не напор
Друго ми беше поентата.Не ми се даваат 2000 кога на пример во помаливе градови ги ставаат и за 800 денари и им траат.А знам дека за 500 денари....нема квалитет.Затоа прашав ако некој знае во Скопје што ставаат убави и трајни до 1000 да ми каже.
Сакам некои поедноставни нокти..Не онака пренакитени,наџиџани.. Нешто во овој стил.. Преземено од Фејсбук...
пробај со гел на твојте нокти,па така одржавај ги.Јас така почнав ама сега редовно ги прам со гел,еднаш во месецот корекција убавезно. Зафркнато е шо стварно се оштетвет ноктите,а мене и ме болет од шо ми се слаби. Сепак,стално си среден во ноктите..блазесиим на тие шо си имет природно убај нокти
Јас од љубопитност си надградив нокти за Нова година ама лани. Не ми беа бог знае колку долги, ама за 2 дена ми се скрши 1, утредента 1 и се така ..а ми рекоа ќе ми траат 2 месеца. КАКО НЕ!
2 месеца нема шанси дати траат, зборувам од искуство. Ако сакаш да ги одржаваш на 2 недели најмногу 3 недели треба да одис на корекција. А тоа што ти се скршиле уште другиот ден зборува за тоа колкав е квалитетот.
Јас си ставив надградба на ноктите пред 3 месеца и сеуште си ги носам. Да ви кажам право, првпат ставам и презадоволна сум. Сликата подоле не е баш најсјајна, ама можете да видите дека вештачките нокти личат на природни (и затоа најчесто си ги носам нелакирани ), а ноктот на показалецот денес ми се скрши (на квака од врата ) и можете да видите дека мојот нокт е сосема здрав, не сменил боја, тврдоста на ноктот ми е иста. А дечкото ми наплати 700 ден за првото ставање и 400 ден за корекција секој месец. Деновиве треба да одам пак јас себеси се сметам за крајно невнимателна, па тоа што кршам по само 1 или 2 нокта неколку дена пред закажана корекција мислам дека е добар квалитет. Неколку пати ги имам удрено ноктите од фиока или на шкаф некој, и боли како ништо на светов, како да се мои ноктите, ама немаат ни напукнато од тие трауми Затоа мислам дека зависи до личноста што ги прави, ако знае какви материјали треба да користи и како да си ја заврши работата, дури и за ефтини пари може да се добие квалитет