И моите нокти се многу кршливи..буквално се лупат и неличе на ништо па затоа постоjано сум со вештачки.Си купив типсови од странство и специjален лепак и сама си ги правам.
Со што ги лепите вештачките нокти, оние пластични што се и колку ви држат? Јас цело време мислам дека ќе ми се одлепат па страв ми е да ставам, а гледа девојчиња по една недела и повеќе си ги носат. Плус малку ми е чудна плочката на ноктот, некако позаоблена е од вештачкиот па има луфта хаха
Јас пред да ги пораснам моите ноктите , вештачките ги лепев со секундарен и ми држеа до 10ден Ама лепакот е јак и ги оштетува ноктите
Јас би ви препорачала Редовно да ги полирате и да ги мачкате со нешто за зацврстување за да ви пораснат и ви бидат цврсти, јас лично имав мн меки нокти и ги мачкав со едно сретство од авон го нарачав се мачкав може 2 3 месеци и сега ми се цврсти и имам долги нокти
Се уништуваат пошо со самото турпање на ноктите се истенчуваат...посем од прајмерот и се оштеруваат колку толку и гелот одозгора-ноктот "не диши" . Јас два пати надградба ставив и така тенки уште толку ми се упропастија и прекинав си ставам гел лак или обочен и топ одозгора и шибам А за тие што носат нонстоп би препорачала со 8 месеци носење барем 2 месеци пауза да направат
Јас си ги правам дома сама , сетото го порачав од Али, но гелот е толку неквалитетен и ми се љупи како лак, порано кога ги правев беа подобри , но направив пауза од 3 мееца и сега ии нокт ми пага или ми се љупи по цел гел . Сакам да си купам квалитетен гел за да не морам секој ден да правам по еден или два нокта . Ваша препорака за добар гел и прајмер?
Јас имам напишано пост за ГЕЛНИ НОКТИ во домашни услови, за гелови, ув лампи и постапката за правење на истите. Но очигледно сум ја погрешила темата, наместо овде пишав во темата УВ ЛАМПИ па еве ќе се цитирам, кој е заинтересиран слободно нека праша се што го интересира во оваа област.
Значи имам исти такви гелови, и потплно исто ја правам постапката што ја објасни во коментар, но и основниот и гелот во боја многу лесно ми се лупат, како гумени да се, не се стврднуваат,а ги печам по 5 минути, да не знаеш во што е проблемот, колку време ги печеш ти?
Незнам, навистина ми е чудно. Јас најпрво ги турпирам моите нокти, па ги лепам типсовите, ги обликувам и пак турпирам. Потоа ставам безбоен гел сосема мал слој колку да се зацврстат типсот со ноктот па потоа ставам боен гел, (обликувањето на овој гел е малку покомплицирано ако ти плескаш премногу гел можам да разберам зошто не се суши и стои како гумен бидејки не може да се исуши добро) ставам нормално и сосема доволно за да ги обликувам и формирам ноктите за да изгледаат малку поприродно, на крај ги печам 2 до 3 минути највеќе и по желба нанесувам одново од бејзбојниот сосема малку. Кај мене со овие гелови од пенти кои коштаат 120 денари никогаш немав утка во работата на овој начин. Најверојатно правиш нешто погрешно или пак гелот или печката не се во ред.
Навистина изгледаат убаво гелните нокти, супер решение се за оние кои неможат да пораснат нокти. Имам ставано повеќе пати, за специјални прилики кога моите биле скршени, а сум немала време да ги пораснам. Потоа ги корнам, неможам да ги истрпам. Па сум разочарана од штетата на моите нокти. Повеќе сакам да ги пораснам моите, па да си уживам правејќи маникир.
Немам надградба, ама ставам гел на моите нокти. Ем секој ден средени, ем месец дена мирна глава. И да, точно на месец ги средувам, многу ми е грдо кога ќе подраснат
Некои добри 5-6 години ставам гел на моите нокти месецно еднаш си одам на смена на шара и цел месец си среден во ноктите едно моме имам погодено ми е 500 ден е гел на природен нокт работе со на клариса и коко гелови
Како се вика она безбојното (што не дава да се лупи лакот) што го стават на крај кога веќе ноктот ти е лакиран и нацртан ? Каде можам да купа такво, по која цена ?
Тоа само во овие што се специјализирани за козметички салони. Александар козметик и слично. Ама ти треба УВ ламба и за него.