Девојки, да ми препорачате девојка што прави надградба со наливање во околината на Капиштец или Карпош.
Доколку некоја од вас знае некој кој прави нокти во околината на државна болница и не е мн скапо ве замолувам да ми пиши ЛП. Фалаа
пред две ипол недели одприлика ставав и јас типс и гел лак, и добро ми излегоа. секако благодарение на другарка ми
Не ми се допаѓаат надградби на нокти, никогаш не сум ставила. Среќа немам ни потреба, цврсти нокти имам. Повеќето ги прават да изгледаат многу кич, неприродно, нападно. Се гледа дека не е твој нокт, а баш тоа не ми се допаѓа. Повеќето се во стил "бугарска певаљка". Си стојам на тоа дека природните нокти се најубави, па дури и да се кратки, нека бидат негувани, скратени и со убав лак, доволно е.
Феминки дали знаете име на козметичко студио позади Буњаковец, има надградба на нокти за 500 ден и гел на природни нокти за 400 ден. Ако знаете како се вика студиото или девојката или пак телефонски број
Не сум правела надградба на нокти, ниту планирам да правам. Не сакам додатоци на ноктите. Сакам природни декорации. Налакирани со лак е сосема доволно. Не мора да се долги.
Летово бев кај една другарка на гости, нејзината тетка има салон за убавина и ме научи да правам надградба на нокти. Од интернет си порачав сет за почетници и си купив гелови на Лина,евтини се по 100денари, но се многу неквалитетни, кога ги правиш ноктите гелот се витка, се лупи. Ми требаат пари па сакав да почнам дома да правам нокти за некоја минимална цена200-300 ден, е сега прашањето ми е какви гелови да купам,колку за почеток да пробам дали ке ми иде, но да не се многу скапи,што мислите дали ќе ми успее ова?