Здравп девојки... Порачав од али експрес сет за надградба на нокти пред година дена, но поради бременост не можев да го користам, па сакав сега... Дали има рок на траење тоа, не ги отворив до сега??
Откако ќе се отворат производите имаат рок една година мислам. Е сега колку што имам разбрано од мојата едукаторка е дека геловите од Али и акрилот имаат внатре некоја супстанца што е канцерогена и забранета на нашиот пазар ( Кина, Кореа е дозволена) па само би те советувала да не користиш такви раб од Али. Инаку ситници други како циркони, пигменти, секачи, турпии и сл не е проблем. Би требало да се ок чим не ти се отворени. Кога ќе ја отвориш бојата ( доколку имаш гел купено) ќе ја видиш дали ја има истата боја задржано или е пожолтена или сл. Така ќе знаеш најубаво дали се ок.
Мора да те корегирам, формата е скроз небитна, битен е апексот кој мора да се подигне на стрес зона. Без апекс секоја форма се крши. Според тоа ги гледам твоите кои се со мирор хром пигмент правени( а прекрасни ти се) носиш екстремна форма наречена стилето. Една од моите омилени.
На сликава е покажан. На гел и акрил не треба да биде рамна површината на плочката туку подигната на стрес зоната ( тоа е оној дел каде се сврзуваат ноктот природен и гелот или акрилот) . @ванилала не е врвот. Подигнатиот заоблен подебел дел некаде отприлика во средина на ноктот. Небитно, муабетот ми беше дека е мн важно како ќе се изгради ноктот, не е важна формата.
Ако користеше гел лак од него. И недостаток на витамин Ц. Моите се моментално одвратни. Носев гел , па акрил од мај непрестајно. Сега само одмор без лакови и чуда. Најубаво за ноктот да се опорави и закрепне. Пуштам слика од моите кои веќе 2 недели се кршат, се лупат и се енормно меки од континуирано ставање. Дури сега долниот дел кај кутикулите ми се оправа. Пијам витамин Ц и пивски за да се зацврстат. Инаку мн време ќе треба да се опорават.
Истоооо... Демек на ОПИ беше гел-лак, ме предомислија за свадба и се зафркнав. Иначе витамин ц внесувам мн (оброк ми е јаболка и банана секој ден), ми раздразнува желудник, ама морам. Фала сепак.
Од тие гелови и вештачки нокти и моите ми се упропасија. Ставав околу половина година и само што ќе ми ги направеа одма ми се одлепуваа, за една недела веќе ми беа за никаде, и тоа одев на различни места и секаде исто ми се случуваше. Значи моите нокти не поднесуваа гел на нив, и прекинав. Нокти не благодарам.
Во ДМ на есенс имаше. 1200 така нешто мислам беше. Јас ја земав пред 2год, задоволна сум. Додека седам на пц со УСБ поврзувам и се лакирам . Ваљда за нокти мислиш, не за синус .
Јас порачав од али експрес за 6 долари ама по грешка порачав 2 па ако случајно не се снајдеш и сакаш кога ќе стигни ќе ти ја дадам.
Нека ми објасни некој разлика меѓу типсови наливни гелови дрн мрн. Ништо не се разбирам. За прв пат ќе ставам нокти. Сакам вештачки да лепам... Што е најдобро да ставам со гел или типсови...
Овие се типсови, ти ги лепат на твојот нокт, а потоа ги стружат и ставаат гел над нив (имаш база, гел во боја, завршен гел, не знам ни јас точно али од прилика тоа е). Ако ти се доволно големи ноктите стави си само гел или траен лак, премногу се оштетува ноктот од типсовите т.е лепилото.