Немам никакво искуство со надградба на нокти, страв ми е дека ќе се оштетат и дека ќе мора нон стоп да го правам тоа... Ама би пробала ако некој ми каже каде ќе ми ги направат баш вакви природни (и форма и боја) и со вакви нежни месечинки/ѕвездички Така да, дајте предлог место што знаат да направат надградба што личи на природната форма на ноктот (зошто пола од сликите во темата “Вашите нокти“ се гелни нокти што делуваат толку грубо и неприродно...)
Еве ги последниот пат кога ги направив. Сега ми се исечени пошо сакам да ги одморам малце од геловите. Иначе природните ми беа овие на сликава само со гел одозгора и срце ме болеше кога ги сечев....
Девојки, коцката, шпицот и како и да е форма, многу е битно кога ви ги лакираат да си побарате да ви ги затворат ( односно да ги излакираат, односно намачкаат и на краевите на ноктот за да не пука гелот) , ако не го направат тоа ќе испукаат краевите.
Сакам да ставам гел лак на ноктите. Да ми препорачате некој добар салон во центар? И отприлика колку чини?
Мора да ја пофалам Фросина Мицевска во Хром, девојчето е генијалец а и евтина е 500 денари...БРАВО ФРОСЕ!
Девојки ми треба салон за надградба за нокти во кисела вода.ако знаете може и контакт да ми дадете и цена ☺
Лејди што препорачуваш за кршливи нокти што се листаат?Пробав зацврстувачи,лакови,пиев Б витамини три месеци ама све е џабе ништо не помага.Сега се мислам гел или гел лак не знам што е разликата,знам дека и тоа оштетува ама друг спас немам ми се здосади веќе.
Проба ли со Евелин лакот? И пивски квасец исто мн помага за раст и цврстина на ноктите но отвара и апетит. Гел лак и гел, па и акрилни нокти само додека носиш го штитат ноктот инаку ако ги извадиш го оштетуваат уште повеќе. Јас форсирам кај мене во дуќан повеќе акрил дека е поприроден и се вади без турпија со чист ацетон, но повторно ноктот нели ако не се одржува акрилот се оштетува. Размисли си убаво.
Да пробав со Евелин, 8 во 1 не ми помогна туку другиот дајмонд ама помага само додека го користам.Не беа баш пивски квасец тие што ги пиев ама сличен состав,знам дека штитат само додека ги носиш и треба цело време да ги правиш ама и вака не иде.Фала ти сепак
Zavisi kakvi gelni ako mislis na nalivni mene mi zema 600 posledniot pat ama mislam pred godina dena bese. Pisi na fb tina pinky nails treba da ti iskoci