И јас ги ставив од таа причина пред 12 години. Ми се опоравија моите, си зарасна месото околу нив, и можам да ги извадам ама па убави ми се вака средени )) Моите не се акрил туку типсови со гел ама си ги ОБОЖАВАМ!!!
Јас имам големо искуство и претходниот пат ноктите после надградбата ми беа ужас, а овој пат правев константна надградба 6-7 месеци и сега ноктите ми се супер.Се оштетуваат но ти имаш друг проблем тој е исхраната...Од тоа ноктите ти се кршливи.Казувам од мое искуство но сум и докторка. Ако сакаш зошто да не ставиш? Еднаш се живее
jas koa bev mi staija i mi rekoa puno trajan ali ne beshe taka noktite mi omeknaja i mi popagaja i sega doznav dkea poubo e so vestacki ako ne izgledaat tolku ubavo [mod-kirilica:35qlfmxy][/mod-kirilica:35qlfmxy]
Стварно кај се наоѓа тоа?Некаде во Скопјево?Зошто јас сакам сега да ставам,ама на едно место малку подалечку е иако во Ск па пишете за ова може повеќе ќе ми одговара
Тимотеј се наоѓа на Југодрво, значи станицана карши олимписки базен. По скалички надоле е во зградата , а зградата е розева или портокалова, ниска зграда. Се надевам сфативте.
Па јас токму таму го барав и пишуваше дека се издава просторот пред 5-6 месеци затоа прашувам каде е преместен.
Незнам за во кисела вода..една другарка идеше кај југо дрво ама викаше го преместиле,а и ја сама видов дека пишуваше дека просторот се издава.
Вашите нокти јас ставав надградба сега ми се тенки и ми се превиткуваат многу ми се уништени користам зацврсувач за нокти повеќе никогаш нема да ставам надградба така се уништуваат ноктите само
Да не знаете колку чини гел на природни нокти?Зошто повеќе ми одговара Кисела Вода да не одам до таму кај што ми вика другарка ми.
Прв пат ставив надградба пред нова година со гел, ми издржаа цел месец. Пробав од радозналост сама да извадам еден и ноктот после тоа ми беше узжасен мек како ливче и се кршеше дел по дел секој ден Кога отидов кај козметичарката да ми ја отстрани надградбата она само го иструга гелот и моите нокти беа сосема ок, нормално беа малку послаби ама не изгледаа така страшно. Ама бидејки бев презадоволна од тоа како ми издржаа цел месец а што се не правев со нив пак си ставив надградба, ама со француски маникир. Барем не му ја мислам цел месец дали ми се средни, а можам да ги лакирам кога сакам и како сакам.
си направив надградба на ноктите кај една пријателка од братучеда ми за 600 ден , со гел и ја однесов оваа слика и исти вакви ми ги направи само главната шарка наместо на средниот прст ми ја направи на тој до него од лево ( кај што се носи бурмата ) - не носам бурма да се разбереме
Јас веќе една година ставам гел на мои нокти и сум презадоволна. Имав премногу меки и мрсни нокти па не можев никако да ги средам. Лакот не ми стоеше ни еден ден. Откако ставам гел над нив ноктите стварно ми се многу појаки и плус ми издржуваат цел месец без корекција. А сите тие што викаат дека ноктите им се слаби и оштетени е поради фактот дека сами си ја отстрануваат надградбата или гелот. Само ако се истружи гелот ноктите остануваат здрави...