Kasno procitav..Jas sega brzo gi pravev kaj devojce vo lisice mi ja preporaca moja drugarka..Malku e spora ama odlicno raboti..Imam broj kontakt ako sakas ke ti ostavam vo lp
Женски гледам дека многу прашувате за поевтини пари нокти каде да правите би сакала само да ви кажам дека е подобро неколку дена да тргате пари на страна и поскапо да ги платите а да отидете кај некој што стварно се труди работи хигиенски и убаво ќе ви ги направи. И јас така се залетував кај има за евтини пари ама кога видов последици како габични инфекции немање цел слој од нокт и многу други работи за кои треба месеци опоравување ќе си чекам или соберам тие 700 800 денари ама барем ќе знам дека нема да имам проблем. Уште еден случај ретко но има во силуете каде што земаат дури прескапо една козметичарка стави слики како и ги упропастиле ноктите не значи секогаш и прескапо дека е квалитетно но сепак кружат неколку имиња на девојки што супер ги прават а земаат од 600 до 900 а сигурни се.
Нема врска ова. Јас сум плаќала 600 денари па ми паѓал гелот за два три дена па сум идела на корекции. Сум платила и нокти од 250 денари па ми седеле долго. Еднаш имав габична инфекција. Мислиш дека ако платиш скапо нема да фатиш?! Секој знае да прави нокти туку гледај некој со љубов кон тоа што го работи да ти ги направи. И не зависи само од таа што ти ги прави туку и од твојата ноктна плочка.
Ако не сум имала искуство со 300денари нокти и 800 немаше ова да го напишам.И да сум се уверила и во материјалот кој го користат и во квалитетот. ''Моја несреќа" што сум налетувала на такви ама и твоето и моето држи вода.
По некоја случајност ми излезе @buba4e89 на Фејсбук (ја познав од темата "Вашата шминка"), и сфатив дека правиме нокти кај истата девојка. Ги користи истите материјали што ги користат на поскапи места (па и подобри, без киселини), а цените се нормални. Не е тоа "евтино", туку разумна цена - 350/400 денари (па и 500 нека се), според мене 800-1000 е премногу. Не правам никаква реклама, ама девојката ми ги "гланца" ноктите до најситен детал, и можат ураган да преживеат. Не секогаш евтиното значи неквалитетно, туку има паметни луѓе што не се лакомат за пари и си привлекуваат клиенти. Евтино, а квалитетно = задоволен клиент што ќе дојде пак, што не било случај на места каде што сум плаќала по 800 денари, за после да ме болат ноктите и да паднат за 2 недели. Сепак, секој со своето искуство. Денес кој стигне прави нокти, па си остануваат девојките со трауми од некои.
Девојки да ве прашам дали некој знае во Скопје каде има и дали постои продавница специјализирана за продажба на акрил, гелови за нокти и опрема за надградба? Онлајн многу најдов меѓутоа ми треба некаде низ град да не се порачува преку интернет
Акрил нема Азра јас ко што знам, мада прашај ја, инаку Клариса Балкан има топ по убави цени, јас со нив работам и со Александар Козметик.
Нема проблем. Ги имаш во Скопје и Магнетик Неилс кај Рамстор, само мене ми се прескапи, ако купам од кај нив ќе треба цената урнебесна да ја ставам. Ама ѕирни си ако сакаш. И Даниела Несторовска материјали има акрил. Најди ја на фб. Од Прилеп е. Исто работи со достава и акрилите во боја и се преубави а по достапна цена. ( Како ми текнуваат ти ги пишувам)