Скоро исто е оштетувањето, само малку помалку кај типсови во иднина кога ке правиш корекција, затоа што се струга типсот, а не твојот нокт. Но, гелни се поубави, ја пратат линијата на закривување на природниот нокт.
Јас имав вакви. Се става црна прво па одозгора друга боја и испаѓаат вакви. Trivia Nails побарај ја на фб.
Здраво сакам да почнам да правам нокти имам ув ламба, турпии,четки... Сакам да знам какви гелови треба да порачам и кој гел се става прв на типсот и дали секој гел треба да се турпира!!.
Ако сакаш да правиш нокти на клиенти, тогаш најдобро да отидеш на обука пред да почнеш да работиш. А не приучени од youtube и форум.
Цел живот ставам типсови.Им помина модата веќе.Се помалку и помалку козметичарки прават типсови.Само наливни или акрил.
Како мислиш кој гел? Прво базата, па билдер гелот, па топ коат. Уствари зависи што сакаш. Дали работиш со обичен гел, дали сакаш само гел лак да ставиш, дали со поли гел...
Земи си полигел најубаво се работи и најбрзо. А искрено и од искуство најмногу трае. Пиши си polygel nails на youtube и разгледај. Ако си почетник полесно ќе ти биде не се разлева како стандардниот гел.
Да.Прајмерот е прв како што и ти кажува името,па билдер гелот,па боја каква сакаш и финишот ти е со топ коат. Обавезно пред сите овие постапки се турпија ноктот со мека турпија да се извади сјајот од самиот нокт(не многу за да се оштети) и се чисти со алкохол или специјално средство ако веќе го имаш. Ако те интересира нешто повеќе слободно пиши пп.
Builder гелот и гелот во боја се турпира (мсм секој посебно откако ќе се истурпира еднио па потоа др) и на крај top coat кој само се пребришува со алкохол?
Оф... ова многу зависи што користиш. Јас на пример имам топ коат што не се брише отпосле.Само масло за кутикули мачкам или кокосово. Друго гелот во боја кај мене е како лакче и тој исто не се турпија. А билдер гелот секако се турпија додека не стане мазен ноктот со погруба па со мека турпија за да имаш многу мазна површина да немаш нерамнини по ноктот.
Користи ли некој гел лак од aliexpress, за домашна употреба ми требаат и по колку време ви стои на ноктите ?
Купи си од бит пазар по 120 денари во секакви бои имаш. Не зависи од тоа траењето, базата ти најбитна.
Јас користам од али гелови. Исто за домашна употреба ги земав и презадоволна сум. Обично околу 2-3 недели ми стојат и после ми здосадува дизајнот и си правам нови. На другарки што им имам правено им стоеле и по месец и пол.