На 2. март правени, гел на мои природни нокти. По една седмица некако изгубија сјај, па ставив мат top coat
Ги користи ли некои овие гел лакови од aliexpress а видов дека ги има истите и на битпазар. Како сте задоволни и колку траат на вашите нокти ?
Извини касно видов. Овие ги користам и презадоволна сум. Базата е доста густа и не ти плива по страните, а топот не остава леплив слој кога ќе го испечеш и има прекрасен сјај.
Низ Ск препорака за гелни нокти? Немам ставено до сега никогаш и стварно немам претстава кај да одам, како се движат цените и дали гелни се најдобар избор?
Цените се движат од 500-600 па може и нагоре (по салони) бар од мое искуство досегашно. Во моментов ги правам кај Фросе од Хром (Frosina Micevska на фб), готови ми се за максимум 50 минути (99% ги правам без апликации и шари, само еднобојни). Претходно ги правев кај Марија (velvet nails на инстаграм) во Карпош 3. Ако сакаш да ти бидат средени 3-4 седмици и да не се замараш со лакирање тогаш направи си ги со гел/гел лак (ко реклама за топ-шоп звучам хаха). Мене лично природните нокти ми се претенки, како лист хартија (отсекогаш ми биле вакви) и ми се лупат поради што само во гелот гледам спас.
Ти благодарам многу. Јас си ги сакам моите само сега дека имам свечена пригода, па се двоумам дали да ги правам, а страв ми е само да не ги оштетам моите.
Извини доцна што ти одговарам, сега се уклучив Кај Марија ги правев пред повеќе од три години и цената и беше фиксна 500. Мислам дека сега и е покачена, ама не верувам дека наплаќа повеќе од 600. Пиши и на инстаграм, брзо одговара
https://www.instagram.com/p/BwMzh85g9K0/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=jdsaxxpehgj0 Знае ли некој каде да го најдам сетов што го користи на видеово?
Здраво Би сакала да прашам дали кај нас на аеродром (во Скопје) претставува проблем да се помине низ метални детектори со екстензии(со клипсови)? Треба да патувам во скоро време со авион и стварно би било многу незгодно чувство да морам да ги вадам клиповите пред сите на аеродромот.Ви благодарам однапред
Мислам дека не би претставувало проблем дека тие се метални а мене само на сребро и злато воглавно ми пиштело..
Дали може да ми објаснете како одат постапките за правење на нокти со гел и која е разликата помеѓу прајмер база и топ коат и како се наненсиваат помош оти сакам да купам гелови за да можам сама да си ги средувам ноктите ви благодарам
Пред неколку седмици си купив сет за правење нокти дома од тука. Во прикачени фотографии е сетот кој го нарачав (2000+130 денари достава). Е сега, од овој сет, primer-от мене не ми делува добро на ноктите т.е гелот кој го ставам од горе не ми се лепи за ноктот и за ден-два слободно може да се одлепи. Од зелен пазар во Скопје, во делот каде има тезги за купување шминка, козметика и слично си купив bonder што далеку подобро ми делува на ноктите. (што не значи дека така би делувало и на други). Процедурата на ставање ми е: Вадење на претходно ставен гел, со обична турпија. Па чистење на плочката на ноктите со медицински алкохол (етанол 75%, купен од аптека), кога ќе се исуши ставам бондер (наместо primer), апликацијата е како обичен безбоен лак. Печам најмалку една минута. Ставам база исто како безбоен лак (base coat, имам нарачано од алиекспрес) еден слој. Печам 2-3 минути. Потоа ставам builder gel (на фотката е во ibd кутивчето), па печам неколку минути. Кога ќе завршам со печење пак ги поминувам ноктите со алкохол (лепат доколку не се поминат) па потоа пак со турпија за да си направам форма. Пак алкохол. Кога веќе ја имам формата што ја сакам ставам некаков лак во боја (на пазар се по 130 денари, има и со четка како обичен лак, има и во кутивчиња), печам минута-две. Ставам top coat, печам минута-две и voila. Оваа процедура делува на моите нокти, што не мора да значи дека ќе делува и на твоите. Од таа причина си купив поевтин сет за да тестирам што ми одговара. Во секој случај повеќе ми се исплати од 600 денари на три седмици фрлање во воздух. Втората прикачена фотка се моите нокти, пред неколку часа ги правев. Извинете за километарскиот одговор