Зависи што ќе правиш дали гел или акрил. Се вади стариот гел, бојата и се става нова. Јас слушнав различни мислења. Од 2010 ставам гел на ноктите со попатни паузи. А сакам и акрил да пробам. Е сега индивидуалнни размислувања, некои велат акрилот е штетен, некои гелот.
Убави гелови за нокти да ми препорачате имам едни на коко но ми пукаат до нив ли е или до проѕирниот гел
Немам калапи , а сакам да правам наливни нокти. Што можам да искористам, можеби тафетпапир ( не знам кој е соодветниот Македонски збор, мислам на самолепливата хартија во боја, што служи за правење мозаици во основно ) ?
Девојки, бидејќи овде е поактивно решив тука да прашам, се надевам не е проблем. Дали знаете каде има во Скопје обука за нокти, но да е пократка процедурата, да не трае по 2 месеци? И да е некаде до 20 000 денари.
За гелни нокти одев на обука 3 дена во Белисима , салонот се наоѓа во Козле, јас одев за обука само за гелни нокти и ме кошташе околу 5000 денари. Ова беше пред 3 години па затоа не сум сигурна сега колку е цената , најубаво да си прашаш , еве ти линк https://www.facebook.com/belisima.lence?ref=br_rs
Девојки, си правам гел лак на природни нокти и ми стојат по 2 или 2 и пол недели е сега предложете полесни начини за вадење, не сакам да ги турпијам.
Го турпираш ноктот само малце ептен малце првиот слој да излезе и на памукче мало со ацетон потопено го ставаш на нокт и виткаш со алуминиумска фолија или целофан незнам како се вика правилно ме разбираш мислам и ги чуваш така 10-15 мин. и потоа ги тргаш и гелот сам излегува само треба да се турни јас го туркам со она желевцето за кутикули туркање. Се надевам ме сфати.
Чист ацетон, ставаш на памук и ги обвиткуваш ноктите во фолија (како на сликата) ама претходно намачкај масло за кутикули на кутикулите, или кокосово или маслиново масло, затоа што ацетонот многу суши. Ги држиш така околу 20, 25 минути, ги вадиш фолиите и гел лакот го гребиш ама нежно, немој многу да стегаш, со такво стапче или метален туркач за кутикули, како на сликите. Потоа на ноктите нешто за регенерција, крем или масло. Можеш и на youtube да побараш, ја има постапката.
Обично градивните гелови што се користат за наливни не се soak off како гел лакот, значи не се растопуваат со ацетон, затоа тие се стружат со електрична или обична турпија. Освен ако се акрилни, тогаш може истиот метод, само можеби подолго време да стојат со ацетон.
Девојки сакам да ве прашам овој ноктот ме боли бидејки пред 4-5 дена ги извадов вештачки нокти и сеа во Вторник имам закажано ќе ставам пак повторно но дали ќе имат проблем со ноктот? Некој да не знаете?...
Ми изгледа многу истружен и веројатно затоа те боли. Што е тоа розевото? Од гелот или од ноктот твој?