Што би препорачале за отстранување на гел лак? Методот со фолија сметам дека би ги оштетил/исушил кожата и ноктите со постојано користење, со самото тоа што ацетонот е поагресивен агенс, а страв ми е дека со електрична турпија би се истенчиле моите нокти. Sooo the question is, кое од овие две?
Со турпијање(обична турпија) може да го отстраниш гел лакот. Само ќе одземеме повеќе време од електрична турпија, но ќе имаш повеќе контрола колку турпијаш. Доколку ти го отстранува некој што работи со тоа(пр во салон) со самото искуство ќе знае како дс го отстрани со електрична без нималку да го оштети твојот нокт. Секако можеш дс си побараш тоа дс го направат со обична турпија Btw техниката на гел лак се практикува во целокупен тенок слој, така да не би требало да имаш потешкотии во вадењето, брзо иде бидејќи нема мн за стругање
Ете и сама пиша со постојано користење се суши... Од еднаш ништо нема да и биде. Може и со турпија сама, ама познавам мн клиентки што така ги имаат отстрането поголемиот дел слоеви нокт и многу ги имаат оштетено. Најубаво и најбезбедно за аматер е ацетон па блок турпија да може само да го исполира ноктот.
Ви благодарам на одговорите @Trxmx и @LadyC . Инаку заборавив да напоменам, почнав сама да си ги правам ноктите во домашни услови. Ги корегирам на секои 2 недели. Чувствувам како да го гребам цел нокт кога ги отстранувам со фолијата, а инаку доста ефикасно се отстранува целиот гел лак. Електричната турпија изгледа многу поедноставно, сум гледала кога ги правев ноктите во салон, ма да сè уште немам фат. Ќе пробам со обична турпија додека не стекнам рутина, можеби одзема повеќе време, но најсигурно е.
Оооо ти за тебе збориш. Хахаха Не ти тера три недели гел лакот? Греотка е ноктот на две недели да го стругаш.
Не знам дали е до квалитетот на базата што ја купив, или па моите нокти се премногу оштетени бидејќи со години ставав гел, па одеднаш се префрлив на гел лак, ама тешко да траат 3 недели. Ќе ми се излупи лакот на еден нокт (најчесто странично на врвот), па сите ги преправам.
@LadyC успеав мила излегува Сега сакав да те прашам и јас во домашни услови сама сакам да пробам да си направам гел лак Ме интересира како оди постапката одкако ке и средам ноктите прво што се става Ако не ти е проблем да ми објасниш И четки за гел лак ми требаат Каде би можела да најдам
Кај мене на работа гел лакот трае и до 4 недели. Ама зависи што купувате и од каде. Постапката ти е следна: 1. Прво го тргаш сјајот од ноктот со блок турпија или обична, ама само да обели, немој да стругаш длабоко 2. Ставаш прајмер кој ја спојува базата со твојот нокт. 3. Гел лак ставаш каков имаш еден слој и печеш 4. Втор слој гел лак и печеш 5. Завршен сјај Толку е постапката. Без прајмер ништо од ова нема да држи. Многу е битно и базата да ти е погуста, колку е погуста, толку ќе држи повеќе гел лакот. Ако е ко течност што се мачка ништо тоа, едно удирање и ќе скрши. Исто и на Блесд што и кажав. Многу е битна базата да е мноооогу густа кога ќе ја отвориш . Кога е погуста автоматски нанесуваш подебел слој ( што не се приметува ) и трае до 4 недели без проблем.
Неее, прашај, јас тоа работам и знам, а ти не е смешно да не знаеш. Јас лично користам прајмер киселински ( тоа е едно смрдливо што јас ако на клиентки го мачкам 1 година,ти ќе го мачкаш 5 кај тебе. ) Прајмерот служи за да ги спои природниот нокт со базата за гел лак, гелот или акрилот. Зависи кој што работи/ прави на ноктите. За сите техники е иста подготовката на ноктот, а таа завршува прајмер кога ке ставиш. Прајмер се става ЕПТЕН МАЛКУ на цел нокт, ти кога ќе наквасиш во средина со четката обично сам се распоредува на цел нокт. Ако ставиш премногу ќе ја одлепи базата и ќе ти падне гел лакот. База е всушност вид потпора да има на што да се излакира гел лакот, да се испече. Без неа гел лак нема да држи. Исто е и со гелот, нели тој се пече, па те лакираат после... Прашај слободно се што те интересира. Тука сум ќе помогнам.
Јас на ниеден прајмер боја не сум видела. Мојот е на IBD и мириса ужасно од киселините. Во кафено стаклено шишенце е , ама јас кога мачкам не сум видела да има било каква боја, баш е проѕирен мојов. Не сум го сменила бидејќи ми се покажал ептен.
Не сум многу во тек со постапкиве ама како што видов последен пат кога ми ги правеа се така ми личеше, ама може има повеќе видови, не знам точно. Не сум јас за сама да ги средувам наливни само ме интересираше што состав има, конкретно која е киселината внатре зошто многу си корне
@LadyC а на гел лак не се става база? Бидејки не ја спомна никаде затоа прашувам? Ти благодарам многу на исцрпните одговори Утре ке ги добијам материјалите па ке пробам доколку нешто не ми е јасно ке те барам
Ееее како не пишав. База па гел лак ти напоменав неколку пати. Прочитај ме погоре. Неможе ти кажав да залепи гел лакот без база. Пиши слободно
Вчера прв пат равев гел нокти,денес гледам на еден прст од ќошот од ноктот,гелот се одлепил.Многу се разочарав.Зар не треб а подолго да трае гел лак? гел имам ставано до сега
Женски дајте предлог кај прават убаво, обично гел на природни, може и дома не мора салон, до 500 денари. И да не биде во населби што се по 20км од Центар.