Надминат термин за породување

Дискусија во 'Бременост' започната од katalina, 17 април 2013.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.215
    Допаѓања:
    125.003
    Пол:
    Женски
    Ризик ти е.
    ЈАС не би плаќала.
     
  2. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    6.231
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам бидејќи не сретнав иста таква, ако има слободно модераторите нека го преместат мислењето во истата....
    Втора бременост и пак го поминав терминот, 40 +4 сум, уредна бремност....
    Првото дете го родив 14 дена плус од терминот, во 42 недела, фала богу сѐ беше во ред, а и лесно поминав, со провокации....
    Овие денови имам изразени контракции, некогаш болни, неправилни и непостојани, со болка во половина, ама процесот никако да започне...
    Капак на сѐ, деновиве имавме и несреќен случај во семејството, почна страв и нервоза и нестрпливост да ме фаќа нелако, после сум на контрола, па да видиме....
    Некоја со слично или исто искуство?
     
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    194.040
    Ја,родив 16дена над тернин со индукција у вена
    Не се плаши се ке биде добро
    Скали,пешачење ,топка купка
    Ако не и провокацијата е ок
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    3.046
    Пол:
    Женски
    Второто ми надмина термин за една недела, од што имав страв од провокации се живо и диво испробав за да се стартува процесот. Докторот ми направи membrane sweep, да го размрда бебето, а јас пешачев, вежби правев, чај од лист од малина пиев и масажи на одредени точки и на крај јадев урми прелеани со рицинусово масло и процесот не само што почна, него и многу брзо заврши, ако со син ми траеше ден и пол скоро од почеток на болки, овде од први контракции до пораѓај беше околу три часа.
     
  5. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    6.231
    Пол:
    Женски
    Како ги правеше урмите со риц. масло?
    Тој чајот го има ли да се купи и колку шолји пиеше на ден?
    И како се изведуваат масажите, ги има ли онлајн?
    Благодарам за споделеното досега.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ehh10

    Ehh10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    I mene so membrane sweep posle 1 saat mi pocnaa bolkite i se porodiv istiot den
     
    На st-el и MeowMeow им се допаѓа ова.
  7. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    3.046
    Пол:
    Женски
    Чај од лист од малина има во билните аптеки, јас од Матија го земав, има и онлајн, по една чаша пиев. Три до четири урми ги преливав со лажичка рицинусово масло и во текот на денот ги јадев по малку, има лаксативен ефект што може да ги поттикне контракциите, но не сите го препорачуваат, така да сепак треба претпазливост.за овој метод, јас од овој линк се водев, тука има и инструкции за масажи на одредени точки од телото, како и други методи:
    https://www.baby-chick.com/naturally-induce-labor/
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  8. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    6.231
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000 ти почнаа ли природно болките или само со провокација роди?
    Јас уште ништо, а 41 +3 сум, во четврток влегувам во 42 недела....
    Во дилема сум до кога да чекам, до четврток сигурно, ама што ако и тогаш немам болки....
    Првото го родив 14 дена после терминот, ама почнаа слаби менструални болки, веќе бев отворена 2 - 3 прста кога отидов во болница и до вечерта со провокација родив....
    Стара акушерка вели дека имало случаи и 16 дена пред или после термин да се роди детето, да не брзам со провокации, сега во моментов не сум отворена воопшто, рече др и да ми стави провокација нема да фати....
    ЦТГ и ехото ми се уредни, одам на редовни контроли, ама од друга страна и ризикот се зголемува со секој поминат ден.....
     
    Последна измена: 13 септември 2026 во 15:06
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    194.040
    Без болки бев
    2см отворена од 33гн
    Прва контракција 8.20 во 12.10 држев бебе у раце

    Колку дена над темин си 10?
     
  10. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    6.231
    Пол:
    Женски
    Да, десет дена, 41 +3,иако сега др го помести за 1 ден плус, 4.09,ама тоа и ништо не менува, така рече.
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    194.040
    Не му се плаши ако тргне сам пораѓај ок ако не ке стават провокација ало и тоа не успее царски
    Нелало ке испадне коа останало внатре вечно опушти се несвесно кочиш пораѓај кога си стегната
    Ајде наполни када со топла вода лежи подолго пешачи, чучњеви може ке тргне
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.