да ги пријавиш гадовите у трудова! законот вика дека во годината треба да имаш 6 месеци работа кај ист работодавач, без разлика дали е прекинат или непрекинат
прво извади листа на стаж. зашто можно е да си била пријавена а да не плаќале у превод исто ко да не си била. Па со таа листа во трудова.
Не можам да ти пишам порака, веројатно ја имаш исклучено опцијата за пораки, пиши ми ќе ти објаснам во порака, инаку, штом ги исполнуваш условите задолжително работодавачот треба да ти исплати 40% од нето плата.
Јас лани ја имав оваа ситуација превен бев кај адвокат ми рече после 1ви ќе поднесеме тужба пошто ти следува. Беше негде 20 и некој декември му се јавив на оној. "газдата" и фино лепо му се заканив дека ако не ми пушти ќе биде пријавен и тужен за 3дена да видиш како ми пушти. Ништо не губиш и ти има некој што се плашат да пријават дека уште работат таму ти слободно можеш да тужиш.
На трудничко боледување сум од средина на април. Од 2015 сум вработена без престан на стаж. Дали ми следи к15? Не ми пуштија.
Ти следува. 6 месеци стаж треба да имаш во една фирма за да имаш право на к15. Дури и на оној кој не работи веќе во одредена фирма, ама работел во годината за која к15 ќе се исплатува му следува.
Има “олеснителни” околности зависно од профитот на фирмата. Или сте потпишале документ во кој се одрекувате од законски предвидениот минимум. На мајка ми и префрлија 1000 ден.
Ај да прашам и јас... Вака мм до крајов на месецот ќе оди на раб од 1октомври ќе користи одмор и потоа нема да оди пошто ќе ја затвара газдава фирмата као не му се исплаќало има година стаж таму е сеа дали ќе го следува во декември мм регрес ја му викам нема бидејќи нема да постои како фирма он вика го следувало и сеа кој е у право,? Ако не постои фирмата нема кој да тужиш ако не дадат к-15
На вашиот сопруг му следува К-15, може да бара веднаш да му исплатат, законски се стекнал со правото за оваа тековна година.
^ Му следува регрес за годишен одмор -К15 на секој вработен кој до моментот на исплата поминал 180+ дена на работа (без разлика дали користел одмор или не, бидејќи одморот е платено отсуство)
Од фебруари бев вработена во една фирма. Во јуни отворија уште една фирма и ме префрлија таму, без прекин на стаж. Дали ми следува к15?
Во тој случај не те следи.. само к15 е врзан со месеци, а останатите награди како бонуси или новогодишни награди не се врзани со месеци на работа