Па така. Фирмата склучува спогодба со еден претставник на вработените дека за таа година ќе исплати к15 помал од законскиот минимум, во износ од толку и толку денари (мин е 500, може 1000-2000 итн) и врз основа на тоа фирмата носи одлука дека ќе исплати толку и ги информира вработените. И тоа е се законски.
Ама значи ако стварно е во загуба фирмата. Не може на кој како ќе му текне да склучува такви спогодби и да донесува такви одлуки.
За право на регрес за годишен одмор (К-15) треба работникот да има полни 6 месеци работен стаж во тековната година кај еден работодавач. Се исплаќа 40% од просечна плата во државата. Ако има загуби работодавачот може да исплати помал износ односно помалку од 40% а за да видите дали ве лаже работодавачот ќе треба да му проверите билансот на успехот во Централен регистар, ако лаже правете вештачење и преку адвокат поднесете тужба, правото на регрес застарува за 3 години од кога сте стекнале право на исплата т.е. откако работникот станал доверител а неговиот работодавач негов должник по овој основ. К-15 се исплаќа еднаш годишно но никаде не е наведено дека мора да биде 31 Декември тоа значи веднаш штом работникот се стекне со правото може да му биде исплатен К-15. Ако не ви исплати доброволно работодавачот поднесете преку адвокат до работодавачот опомена или барање за исплата, во пракса најчесто оваа работа се решава вонсудски. Ако не се реши вонсудски тогаш пријава до трудов инспекторат. За повеќе инфо ако ве интересира пишете ми во порака, за да не должам во постов.
Нај правилно е да се даде (ако се оди по сите пропозиции) после 180тиот ден во календарската година, а тоа значи од 1ви јули па натака (нели се вика регрес за ГОДИШЕН ОДМОР). Но... Сите калкулираат со датумот. Приватните во Биланс на успех ќе прикажат добивка (нели тендери...) и мораат да исплатат, ама ке ги дадат на работниците и тоа законскиот минимум (незнам, мислам дека оваа година е некаде 10.680,,00 денари) и потоа ќе им ги побараат да им ги вратат на рака парите. Срамота и греота.
Работниците треба да одбијат да им ги вратат глобата за работодавачот мислам дека е околу 4000 евра по работник, 3-4 работници ако го пријават, тој К-15 ќе му се виде златен
Во шивачниците или фабриките во малите места во Мкд се зависни од тие 12 000 денари плата. Секој си ќути за да не го избрка од работа, што е голема грешка. Ама таква ни е државата, не го штити работникот туку газдата.
Епа газдата ќе даде 10.900 и што ке плати данок ке му се фати 14 000. Ќути, што не им ги бара плус 4000 од џеб да си ги вратат
Да чини тоа, дали ревизија, дали вештачење, но ќе донесе успех, затоа што има безобразни работодавачи имаат заработка цела година и на крај на вработениот му исплаќа мизерни 1000 денари, а башка што му должи наназад за уште најмалку 2 години.
Дали може да ми кажеш каде ја има оваа информација за исплата на к15 од 500 - 1000 ден официјално? Некаков документ....Роднина има фирма која реално е во голема загуба оваа година и се чуди како ќе исплати к15, а не сака да исплати и потоа да ги бара назад парите, до сега не го правел тоа, но со короната ситуацијата е сменета. Книгиводителката му рекла дека треба 10900 минимално да биди, а за помалку е на негова одговорност и можи да го казнат.
Можеш. Да си поднесеш да ти дадат копија од завршна сметка во Централен Регистар. Од билансот на успех , се ќе си прочиташ