СуперДевојка, ретко пишувам, но ми се појави темата во најнови мислења, се сетив на разговорот,отворив и прочитав дека ти имаш познавања од оваа област, па прашав. Извини, нема да се повтори, можеше целосно да го игнорираш прашањето.Имај убав викенд.
Мене газдата ми нареди да му ги вратам парите од К15, а не работевме со загуба, фирмата заработува стандард одлично како и секоја година... да не навлегувам во детали, ама не беше баш многу погодена од кризата, плус се работи за медицинска установа и освен секојдневниот промет има месечно приходи и од ФЗО. Ќе му ги вратам, нема врска, нека му служи на чест, пред се фактот што бара пари назад од бремена индивидуа.
Повели http://www.ssm.org.mk/mk/isplata-na-regres-za-godishen-odmor-soopshtenie-za-javnosta-0 Исто мислам и од влада имаше некое соопштение дека фирмите што ќе пријават загуба оваа година се ослободени од исплаќање на регрес, но сепак со препорака да, ако можат да исплатат. Нека се распраша убаво твојата роднина, жал ми е што претрпеле загуби
Во периодов со короната требаше да пратат во летниот период пола од сумата и сега во декември уште пола.Дали летото ја доби половичната сума?
Благодарам за одговорот. Се распрашал, но сепак ќе пушти целосно 10900. Бидејќи реално не ни работат од март - игротека, кога им споменал на вработените, има 3, едната веднаш рекла дека е благодарана и плата што имаат овие месеци и дека не треба к15, па потоа се договориле да пушти и да му ги вратат парите. Со користење на помош од влада некако успеваат да ја одржат фирмата, но до кога....
Мене вака кога ми ги побараа не ги вратив, а заглавена со кредити бев и се, ама не попуштам бе,нека ме избрка,па ете не ме избрка иако мрчеше. Еве да речеме имаш извршител и ти ги собере паритр,или траен налог а должиш рата... И да сакаш нема да можеш да ги извадиш за да му вратиш. Речи му така должам рата ми ги собраа. Абе не ги враќам и точка!!! Инаку мојава фирма уште нема пуштено,ќе чекам до 31ви,кочешките па ги прашувам дали воопшто ќе пуштаат,ќутат ко божем татко им од џеб дава! Не знам си викам некоја загуба да не пријавиле,инаку одма ги пријавувам ако не дадат.