Мислам дека во една иста фирма треба да си 180 дена најмалку вработен. Ако на пример си се вработила во фирмата на 01 Март 2021, и сите вработени земат К-15 на 20 јули (на пример), ти нема да земеш тогаш, НО откога ќе поминат 180 дена стаж во иста фирма, тогаш ќе ти биде исплатен (во случајов на 01.10.2021)
Согласно одредбите на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, Регрес за годишен одмор се исплаќа во висина од најмалку 40% од основицата. Основица за пресметка на регресот за годишен одмор е просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, исплатена во последните три месеци.
Здраво, дали некој може да ми каже дали следува к-15 доколку имаш работено во фирмата повеќе од 6 месеци ако веќе не работиш таму? А другите вработени уште немаат добиено, па дали да се очекува кога они ќе добијат тогаш или не?
Да доколку работникот има 6 месеци непрекинат стаж кај ист работодавач во една календарска година следува к-15 иако работниот однос после тоа престанал. Ама тие 6 месеци мора да се во иста календарска година. Кога ќе земат останатите вработени во фирмата, треба и тебе да ти исплатат. Може да е и на крај на годината исплатата. Ако не ти исплати можеш слободно да поднесеш пријава во инспекторат.
Здраво, имав работен однос 9 месеци во една иста фирма меѓутоа си дадов отказ од фирмата средината на септември, па би сакала да знам дали ќе ми следува к-15?
О па супер, лани 11 040 земав памтам. Ако е 12 не е лошо Блазе си ви колку рано ви исплаќаат, јас кај и да сум работела секогаш 2-3 дена пред Нова година зимам.
Јас откако сум тука 9 години , од секогаш исплаќале регрес и пред законот, секогаш во август месец. Кај маж ми префрла декември. И кај повеќето што ги знам. Ајде , за празниците убаво ќе дојде
Zdravo, sakam da prasam dali me sleduva k 15, vrabotena sum od oktomvri 2020, no vo april 2021 zaminav na boleduvanje( patoloska), pa odma na porodilno, vo firmata vrabotenite imaat zemeno k 15, jas seuste ne. Dali me sleduva?
Ти следува, најдоцна до 31.12 МОРА да ти дадат. Некаде се чека на официјална објава од ДИК дека изборите се завршени (жалби, приговори...сето тоа е завршено) па да дадат К-15. Како и да е, до НГ мора да земеш.