Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надомест за годишен одмор к 15

Дискусија во 'На работното место' започната од vinozito1, 24 јуни 2014.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    http://kanal77.com.mk/mk/vesti/ekonomij ... ektor.html

    Постои шанса и вработените во јавниот сектор да земаа к-15

    За да земеш к-15 треба ли да работиш минимум 6 месеци во таа фирма?
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Постои шанса и ветените 5% покачување да ни ги дадат ама кога? (јавен и државен сектор)
    Веќе 3 години се одложува законот.Исто ќе биде и со К-15 ќе почекаме па ќе одложат итн.
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    132.683
    Администрацијата секогаш последна :)
    Треба овој октомври, ама мислам дека пак ке не зезнат. Ни к15 не добиваме.
    Ама сами сме си криви, на приватно мојата струка зема плата од 900 евра, ама за пуста наводна сигурност работам за третина :( Иако ништо не е сигурно, со последниве измени можеш да летнеш од администрација ко куфер, не као у време комунизма, кај не те бркаат, па уште и синот на твое место после пензија иде.
    На темата, комплет се сложувам со тоа дека директорот сам треба да ги мотивира вработените, како што мисли дека треба.
    Значи, место да им даде по 10 000 денари пред да одат на одмор, можеби треба сам да одлучи дали можеби ке прати некој на специјализација во странство, на пат, ке му даде слободни денови екстра и слично. Мене повеќе би ме радувало стручно усовршување отколку 10 000.
    Од друга страна пак, кога ке ми текне дека у приватно многу е ретко директорот да те награди, колку и да си добар, можеби ова е и добар начин државата да ги поттикне да размислуваат барем на тоа дека треба да се даде на работникот плус.
    Ке видиме резултат догодина од ова.
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Сега со новиот закон за Јавни службеници (сите ќе бидеме) ќе не исчистат со вакуум.
    Тоефел бе , јас странец не сум видела во последниве 100 години , а не пак тоефел да учам на стари години.
    Хе секоја година викаме од догодина.
    И во приватниот сектор кој исплаќа исплаќа, кој не се први на тошо, или ке ти пушти на сметка па ќе ти ги бара да му ги вратиш.
    Вака подобро кога знаеш дека не ти следува ќе се помириш.

    Cka,
    Сигурно ќе ни дадат К-15 ама за шкрткање по форумов за време на работа. :lol:
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    И како е сега ова? Има минимум колку треба да работиш претходно за да земеш к-15?
     
  6. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Треба 6 месеци да бидеш во фирмата за да ти следува надоместок.
     
  7. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    За да ни исплатат к 15 треба да имаме непрекинат работен однос од најмалку 6 месеци? Без разлика колку време работиме во истата фирма, така?
    Еве пример кај мене како најдоа дупка во законот (мое мислење е ова, не сум 100% сигурна).
    Јас работам во истата фирма веќе 2 години, со тоа што потпишувам договор на секои 6 месеци, сите вработени потпишуваме така. И сега додека сме на одмори од 1-ви август до 10-ти ќе не одјават, само за да ни го прекинат стажот, за да не ни исплатат к 15. Мислам дека само поради тоа го прават тоа.
    Нека ми каже некој што е поупатен во ова дали е можно такво нешто да ни направи фирмата?
     
  8. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Непрекинат стаж во иста фирма, ама како што можам да сфатам до први Август ти веќе имаш претходно шест месеци во фирмата, ако е така, тогаш ти следува регресот. Кај нас го исплатија на почеток на Јули, значи кој бил во фирма од 1-ви Јануари си доби и регрес за годишен одмор. Оние што се подоцна вработени ако останат 6 месеци во фирма, ќе го добијт регресот понатаму.
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Треба непрекинат стаж од 6 месеци кај ист работодабач. Според твоево, мора да ти исплатат. Ти до 1ви август веќе имаш 6 месеци непрекинат стаж.
     
  10. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Немам. Последниот договор го потпишав во март. Значи до 1-ви август има околу 5 месеци, не 6. И сега ке ни го прекинат стажот, па повторно ќе не пријават со нов договор кој ке стартува од денот на повторното пријавување, значи од 10-ти август. И нема да ни исплатат к 15.
    Барем така мислам.
    Јас работам веќе 2 години во истата фирма, ама не верувам дека договорите од лани, каде имам исполнето по 6 месеци би имале некакво значење.
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Нема да ти исплатат, К-15 се исплаќа од кога Законот стапува на сила, а тоа е од оваа година. Сега ќе те одјави па со прекин ќе те пријави ако добро разбрав.Според договорот што ви го прават со неполни 6 месеци ни одмор не ви следува без разлика што работиш во иста фирма.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    132.683
    За секој месец работа, следува 2 дена одмор. Така што може да земе 12 дена после 6 месеци ако сака.
    BTW на одмор сум, на работа не отварам интернет често, може еднаш неделно :)
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Мене ова не ми е јасно. 6 месеци треба да имаш наполнето до Декември или? Јас сега во Август правам 6 месеци во оваа фирма, дали тоа значи дека ќе ми следува?
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ти следува :)
    Најмалку 8.400 денари, види спојлер.
    Ова право се вгради во последните измени на Општиот колективен договор за стопанството, кои стапија во сила од 1 јануари годинава, а имаат важност од две години. Според нив, надомест ќе може да земат само оние лица што работат кај ист работодавец најмалку 6 месеци во една календарска година.
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Мене уште ништо не ми спомнале,а на другарка ми газдите ги натерале да ги подигнат парите од сметка и да им ги дадат пак на нив :@ ,јас како што сум единствена во фирмата вработена,другата нема 6 месеци изгледа нема ни да добијам или и мене ќе ме терат да ги враќам |(
     
  16. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    883
    Исплатија во некоја фирма к 15 ? :?:
     
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.493
    Кај нас појма немаат :?:
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Да
     
  19. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    Мене ме интересира ако некој од вас знае да ми каже, дали при исплаќањето на к-15, сите вработени ВО ИСТА ФИРМА мора да земат ист износ.Минимум е 8.400, но може ли, дали е дозволливо некои да зимат 8.400 а некои повеќе, пример 10.000, 15.000 и сл.?
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ако некој работодавец е расположен, а ретки се таквите ќе даде, ама преку сметка само законски колку е дозволено.
    Никој не е будала да дава повеќе и овие им се тешки, ама има случаеви ќе им исплатат и им ги бараат во ќеш да им ги вратат на работодавците. Ние нели од некојси страв ги вракаме и не пријавуваме никаде оти може да не избркаат од работа. За жал така е.
    Секој што ќе ти каже дека земал повеќе те лаже.