Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надомест за годишен одмор к 15

Дискусија во 'На работното место' започната од vinozito1, 24 јуни 2014.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    На TheDongerino и Julija27❤️ им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Во трудова инспекција. Ама се вечно во одбрана на газдите, само бараат дупка за да ги спасат на штета на работникот.
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Julija27❤️

    Julija27❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Za zal kaj nas se funkcionira taka
     
  4. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Па и данок нема да плаќаат... ако дадат 22000 к-15.. што кај нас со превари ем данок нема да плаќаат ем питај боже дали к-15 ке дадат ..
     
  5. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    472
    Пол:
    Женски
    Здравоо вака јас бев вработена 6 месеци (доволно за да ми следи к-15). Т.е. за 3 дена ке направев 6 месеци во новата година ама имав и некоја недела од предходната година што работев таму
    Не знаев и напуштив 3 дена пред 6 месеци
    Дали ке ми следи к-15???
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Ако се обраќате до Трудова инспекција, направете го тоа по писмен пат, за да има трага дека сте пријавиле неправилност.
    ОБАВЕЗНО писмо во два примерока, од кои на едниот да стават ПРИЕМЕН ШТЕМБИЛ.
    Така ќе мора да постапат, зашто се плашат дека ќе продолжи рекацијата на повисоко ниво а тие не превзеле ништо.
    Ако само се јавиш телефонски, ќе те откачат и нема ништо да се случи.
     
    На cresa-jagoda и bertold им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Не ти следи.
    Од датумот кога си одјавена, наназад 180 дена треба да има.
    179 ако се - не следи.
     
    На Аничкаa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не
     
    На Аничкаa и referentka им се допаѓа ова.
  9. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае дали здравствените ординации се задолжени да исплаќаат к 15. До лани земав, ама денес прочитав во коментар на една објава на ФБ дека не биле задолжени да исплаќаат оти не биле стопанска дејност.
     
  10. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Како што знам здравствените ординации се запишуваат во Централен регистар во регистарот на други правни лица затоа што тие по форма не се трговски друштва, но тоа не значи дека не вршат дејност од која што остваруваат доход (заработка, не го употребувам намерно терминот добивка) и дека се основаат во сферата на приватниот сектор.
    Ако се има предвид дека договорите за вработувања ги склучуваат согласно Законот за работни односи, и тоа што го кажав погоре, за нив не може да не важи Општиот колективен договор во областта на стопанството, освен ако немаат друг колективен договор на ниво на гранка каде што се ослобудуваат од обврската да исплаќаат регрес за годишен одмор, во спротивно се задолжени да исплаќаат регрес за годишен одмор и затоа до сега го исплаќале, сега веројатно пробуваат да заобиколат, од вработените во тие здравствени организации зависи дали ќе им го дозволат тоа односно дали ќе си ги го бараат правото за исплата на регрес за годишен одмор (К-15) доколку не им биде платено заклучно со 31 Декември односно најдоцна до 15 Јануари 2022 со декемвриската плата. :)
     
    На cresa-jagoda, bertold и referentka им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Форца веќе одговорил и се сложувам со него.
    Штом засноваш работен однос и важи и за тебе Законот за работни односи, тогаш важи и земањето на К-15.
    Најдоцна до 31.12 мора да го исплатат.
     
    На cresa-jagoda, Forca и bertold им се допаѓа ова.
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.242
    Допаѓања:
    6.713
    Дали фирма во која што сум работела во изминатата година со навршени 6 месеци континуиран стаж во таа тековна година треба да ми исплати к15 ако во истата таа година ЗАТВОРИЛА фирмата, значи не работи веќе.Јас заминав во друга фирма.Од здравствениот сектор е. Се знае дали ќе исплатат?:doh:
    @referentka :$
     
  13. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Благодарам за одговорот :) Баш ме интересира дали ќе ми исплатат. Мислам дека мојов работодавец ако има некаква законска можност да заобиколи и да не исплати, ќе ја искористи.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Прво таа фирма не смеало да ја затворат од ЦРМ али ова е мк е се е можно во мк, инаку ти следува К-15 и тоа се води како побарување т.е. долг на фирмата спрема вработените како што се плати, придонеси итн., значи можеш слободно од управителот на фирмата да ги бараш парите да ти ги исплатат без разлика што е затворена фирмата во случајов управителот кој во најчест случај е и сопственик и најверојатно ликвидатор на фирмата, тоа што ја избришал фирмата во ЦРМ прикривајќи дека има неисплатен долг по основ за регрес за годишен одмор не го иззема да ги плати средствата на име како надомест на штета, затоа што веќе фактички не можеш да ги наплатиш од фирмата како твој поранешен работодавец.
     
    На Alex08, fana и firequeenn им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Ако работи со загуба, нема да исплати.
    Досега секогаш ми исплаќале редовно каде и да сум работела, ама годинава нема, оти наводно работеле со загуба. Законот ги штити во тој случај.
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kuzmic

    Kuzmic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интерсесира, знам дека не ми следува ама да не имате некој ваков случај. До април месец бев пријавена, а потоа продолжив да работам со договор на дело (бидејќи бев на замена) дали случајно ми следува к15?
     
  17. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Не следува затоа што со договор на дело не се заснова работен однос, а регрес за годишен одмор се исплаќа само доколку 6 месеци во тековната година имало заснован работен однос со договор за вработување.
     
  18. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Дечки имам прашање, предходно кај што бев вработена к15 пола ни исплатија во Јули, сега другата половина не на имаат исплатено, можно ли е да не ми ја исптатат оти напушив од таму?
     
  19. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам вака мајка ми во фирмава е подолг период поради здравствени причини отие на боледување уште во 4месец е сега и кажале дека нема к15 за нејзе бидејќи била на боледување од тој месец немала 6месеци дали некој знае дали е тоа точно. Знам ако напуштиш од фирмата пред 6месеци не ти следува к15 дали некој знае како е за боледување?
     
  20. Dandra4

    Dandra4 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2022
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    258
    Zdravo vo fabrikite da ne znaete koga kje isplakjaat k15 za drugar prasuvam?