Лани беше толку. Во делот на надоместоците на трошоци за вработени во приватниот сектор, а согласно соопштението од Државниот Завод за Статистика, ДЗС, бр. 4.1.22.66 и 4.1.22.67 од 22.07.2022 година, граничните износи за регресот за годишен одмор се: Минималниот нето износ на регресот за годишен одмор (К15) изнесува 12.535 денари. Максималниот износ на регресот (К15) изнесува 33.820 денари.
Без разлика дали била н боледување или не, ако во фирмата има направено стаж повеќе од 6 месеци и следува К15 исто како и платено боледување, еден месец од фирма, другите месеци од фонд...
Ве молам за совет. Во приватна фирма сум, колешка на породилно ќе оди во Мај 2023. Ми кажа претпоставен дека не смеам да користам одмор Јули 2023, и до крај на годимата 2023. сè додека не се врати од породилно колешка. Замена не планираат да наоѓаат ниту пак некој да дојде од фирмата да ја замени. Правилно ли е да зборувам со човечки ресурси? Како да биде побезболно да пробам да најдам решение? Очигледно со ликов нема комуникација. Пред некој ден зборував на телефон и пред сите колеги ми вика: ,, Ти хотлајн да не работиш?" Ве молам, секакви искуства и совети се добредојдени и од Човечки ресурси ако има некоја шо работи.
Дали следува к-15 доколку си работел во фирма 6 месеци пријавен и потоа ја напуштиш работата? Дали законски мора да префрлат или е нивна сопствена волја?
Po mislenjava kako sho citam sekade razlicno. Vo firmata kade sto rabotam minatata godina isplatija 11.000, ovaa godina 25.400.