Сакам да прашам. Во иста фирма сум на работа но со прекин(3 ипол месеци на работа па прекин од 4 месеци па пак продолжив во иста фирма). Дали ме следува К-15?
Здраво ако некој знае да ми одговори. Ме интересира дали ми следува к15 за оваа година. 4 месеци бев на патолошка и сега сум на породилно моментално.
Девојки, Работев во една фирма 3 години до октомври ( фирмата се затвори ) сега сум во друга фирма. Дали ми следува к15
Од другата фирма кај што си сега не. Од претходната ти следува, ама се затворила, значи работела со загуба фирмата и ништо не можеш да земеш.
Здраво на сите Сакам да ве прашам во кој случај работодавецот не е должен да исплати К15 на работниците? Кој закон или некоја дупка во законот дали тоа го дозволува? Јас колку што знам, не постои такво нешто, но еве кај нас ,успешно го избегнува, исплаќа само некоја минимална сума од 500 ден. и се вади на тоа дека работи со загуба. Дали е ова легално? И ако го пријавиме дали ќе има некаков ефект, освен што ризикуваме да си ги загубиме работните места? Дали со наши потписи дека доброволно се откажуваме од К15 е покриен пред законот? Однапред ви благодарам на одговорите.
Да, покриен е. И да го пријавите вие ако тој прикаже загуба на завршна сметка, џабе ќе е пријавувањето.
Претежно работодавачите лажно прикажуваат дека се во загуба за да не исплаќаат К-15, од една страна ги разбирам ако имаат доста вработени и на секој од нив да треба да исплатат по 40% од просечна нето плата, многу е, но пак од друга страна вработените кај работодавачите не се криви, работодавачите самите преку нивното здружение на работодавачи (мислам дека беше) доброволно ја имаат прифатено обврската да исплаќаат регрес за годишен одмор секоја година, ако навистина имаат загуби треба да бидат искрени и тогаш ќе имаат позитивен feedback од своите вработени, но не да ги лажат заради лукративни цели. Имено, имав предмет кај што еден работодавач ги лажеше своите вработени дека има загуби дури потпиша без согласност на мнозинството вработени спогодба со неколку негови блиску вработени на штета на останатите, па со прибавување на соодветна документација и вештачење на истата излезе дека работодавачот не дека немал загуби туку имал највисока добивка во задните 5 години и дури на крајот си купил имот остварен од добивката, на крај спорот се реши вонсудски работодавачот си исплати К-15, поентата ми е на лагата и' се кратки нозете, подобро е секој работодавач да каже искрено отколку да ги лаже своите вработени.
@Forca гледам дека се разбираш во законот. Вака, бев вработена во текот на 2022, 6 месеци без прекин во стаж. Дали доколку рабодотавецот најде претставник за спогодба меѓу вработените да потпише дека сите се согласни за пониско к15 или за воопшто да не исплаќа, но спогодбата се случила после моето заминување (на пример сум заминала во септември, а тие потпишале сега во декември), дали во ваков случај ми следува целосно к15, пошто тој претставник ги застапува тековните вработени, не мене?
Зошто си заминувате без да си ги побатате сите надоместоци што ви следуваат? Барем кај мене е пракса пред да си замине некој работодавецот да исплати се што треба на тој вработен.
Не ви следува затоа што спогодбата се однесува за тековната година, тоа значи дека нема да исплати на ниту еден вработен моментално и на тие кои им престанал работниот однос во 2022 година иако ги имаат исполнето условите, требало да барате кога ви завршил работниот однос тогаш се' да ви исплати како што пиша погоре @Isabela23
Нема врска колкава плата зимаш со к15. К15 оваа година изнесува 12.750 и тоа е минималната сума што треба да се исплати не зависно од тоа колку плата зимаш