Ноември кога гледав ова го пишуваше, дури и во темава имав пишано, ама изгледа минимумот го зголемиле ситно, ама максимумот не знам зошто го намалиле
Минималниот износ се рачуна 40% од просечната нето плата на ниво на Мк. Пошто секој месец е повисока, претпоставувам заради тоа и К-15 е различно.
Секој месец се менува. Како што пишала @MarigoldA , така е. Како што расте по малку просечната, расте по малку и регресот.
Има ли некој сметководител или адвокат што би сакал да ми пише лп да прашам нешто околу к15. Малку е комплицирано затоа би приватно.
izvinete sto se nadovrzuvam... Za 2022 kade sto rabotam ni isplatija 24.000, me zbuni ova 19.000 sto citam deka e maksimum.
Здраво, дали може да ме исконтактира во лп некој правник или лице што работи со човечки ресурси во однос на регресот. Благодарам.
Објавено е некаде? Знам дека на ниво на држава просечна нето плата и 40% од неа е регресот? Сепак фирмата одлучува за износот колку ќе исплати. Минимален е овој 13 700, а максимален износ?
Минималниот регрес се менува секој месец и се објавува каде што се објавуваат податоци за плата-Министерство за труд. Не постои максимален износ, туку постои максимален износ што се признава за трошок на фирмата- над тој износ се плаќа плус данок. Но фирмата донесува одлука кога и колку ќе исплати.
Минимален износ за администрацијата е 10.000 денари. Минимален износ за останатите е 40% од основицата (просечна месечна нето плата во последните три месеци), под услов да нема спогодба за помалку. Максимален износ нема, но има максимален износ (80% од просечната месечна бруто плата) за кој не се плаќа данок на добивка.