Да, со новиот колективен договор во јавниот сектор. – 10.000 денари за 2023 година. – 30% од просечната нето плата од претходната година од 2024 година.
Зависи каде работиш и кога ќе земеш. Во овој месец најмалку е 14.570 денари (бруто), но е променливо. Може да се види колку изнесува секој месец под 28.а на: https://rafajlovski.com.mk/plata-za-tekoven-mesec.nspx Ако си во администрација најмалку е 10.000 денари (нето).
Фирмата каде шо се вработи другар, не им исплаќа К-15 со објаснување дека работи со загуба. Од колегите шо подолго работат во фирмата, дозна дека откако фирмата постои(околу 10год.), сопственикот ниту еднаш не им исплтатил К-15 со објаснување дека фирмата работи со загуба. Како е возможно толку години фирма да опстанува ако работи со загуба?
Каква загуба. Прават сплетки за да не исплаќаат. Другарка кај што работеше имаше проблем со таков газда. Пријавил дека фирмата е во загуба и им исплати К15 од 2000 денари.
Во денешно време кога работа има на секој чекор и има катастрофален недостиг на работна сила во сите области, никој не треба да дозволи да биде омаловажуван и обесправен на работното место. Наоѓаш нова работа и го откачуваш од денес за утре. Па нека се чуди после. Секое гомно не треба да биде газда. Ако работи во загуба значи дека е неспособен па нека ја затвори фирмата. Нека не дремат таму вработените да ги заебава.
За да не исплати К-15 заради загуба би требало да има и договор-записник потпишан со представник од вработените дека се согласуваат да не исплати пари.
Тоа тешка работа. Кај другаркава немаше такво нешто. Газдава беше поврзан со тие во инспекција. Ништо не потпишале. Немале ни најава дека ќе им пуштат помалку пари.
А тоа е честа појава. Ехеее... Колку само такви фирми има. Или ќе пуштат К15 и после бараат од вработените да им ги вратат парите.