Ако случајно до 31ви не исплатат. Можам во Јануари наредна година да дадам приговор? Или тогаш е доцна?
Ти следува, најмалку за јавниот сектор е 10.984 денари. Приговор се поднесува до Државниот инспекторат за труд.
Не. Најмалку 6 месеци треба да работиш во таа фирма. Ако претходно си работела 6 месеци во друга, ти следи од таму.
Па работи, јули, август, септември, октомври, ноември, декември, тоа се 6 месеци, и тоа ако била пријавена до 30.06, може и од двете фирми да и следува.
До крајот на календарската година имаш полни 6 месеци, што значи дека ти следува (под услов да не те одјават претходно). Ако претходно си работела во друга фирма, може малку да си ја префрлаат топката, ама една фирма мора да ти исплати. Ако не ти исплатат, задолжително побарај си.
Ама ти можеш да си земеш документ од едната фирма со препстанати денови од одмор и да користиш пола одмор во едната фирма, пола во другата..
Ти 6м правиш на 01.01.2025, па така најверојатно за ден нема да ти следува... дека 6м во една календарска година кај ист работодавач треба да имаш... а ти 6м правиш во другата година... Јас бев вработена до 1ви септ, па најверојатно ми следува... (пријавена од 01.09.2023 до 01.09.2025).
Убаво пишав - онаму каде што го остварува правото. Јас ти кажувам закон како е, а ти ми раскажуваш како ти си мислиш и разбираш. На едно место се остварува правото на одмор. Сама си одговори, потврда за неискористени денови и се е јасно.
Мислам дека секаде е различно, зависи од фирма до фирма. Кај нас одделно ги пуштаат, прво к-15 па после некој ден плата.
Нема правило, ама мислам дека во повеќето фирми се пушта посебно. Потешко се собираат пари за плата и регрес истовремено.
Одделно е дека под друга шифра се праќаат. А може по некоја случајност да ти е во ист ден со плата, само не го очекувај тоа дека нема правило.
Одделно. Платата е со шифра 101, К-15 е со шифра 100. На платата се плаќаат придонеси и данок, на К-15 само данок. Може, но не мора, платата и К-15 да се дадат во ист ден.
Фала ви на сите за мислењето / искуството. Во предходната фирма ни пуштија одделно ама во оваа не знам па затоа прашав.
До кога најдоцна може да очекувам К-15. Инаку јас бев на определено и ми заврши договорот. Но работев годинава 8 месеци без прекин. И сега не знам дали ми следи уопште и каде можам да се информирам