Претходниот месец минималниот износ беше 16532, овој месец можд да биде малку поголема. Не сум сигурна која е просечната месечна плата за октомври или ноември.
Дали треба да ми се исплати к-15 ако во моментов сум невработена а на последната работа имам непрекинато 8 месеци во 2024 одработено?
Дали сумата ја одредува работодавецот или има некое правило колку треба да е според платата? За приватен сектор се работи односно фирма која е заведена како здружение, ако има некаква врска тоа.
Има некаква врска, зависи дали работиш во приватен или јавен сектор. За приватниот сектор, според општиот Колективен договор, висината на исплатениот К-15 не треба да е помала од 40% од просечната исплатена плата во последните 3 месеци, а во јавниот е не помала од 30% во последните 3 месеци. За приватниот сектор изнесува 16.800, а во јавниот е 11.000 ден. Тоа е минимумот кој мора да се исплати до крајот на календарската година.
Сумата ја определува работодавачот, но најмалиот износ го определуваат работодавачот и синдикатот. Сопствената плата нема никаква врска со К-15, важна е просечната плата. Најмалите износи погоре се напишани, но кај приватниот сектор не е задолжителна, бидејќи има услов, а условот е да не работи со загуба. Ако има документ дека работи со загуба, може да исплати и 100 денари. https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=610227571383407&id=100071885080017
Знам дека законски треба да исплатат до крај на декември к-15 ама дали е возможно да исплатат точно на 31? Мислам мене ми е малку небулозно ова зошо се чека до последен момент да се исплати и лудило ми е, и баш тоа што сум во неизвесност ме нервира ама чисто прашувам дали некој имал искуство со добивање к-15 на последен ден.
Дали следува К15 ако жената заминала на породилно на почеток на мај месец годонава? Претходно работела во фирмата 10години.
Па не знам како оди тоа, работела до мај во фирмата, роди дете и од тогаш е на породилно отсуство, на терет на државата. Затоа не знае сега дали ја следува К15 за оваа година?