Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надомест за годишен одмор к 15

Дискусија во 'На работното место' започната од vinozito1, 24 јуни 2014.

  1. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842

    Не лаже... барем за минато свршено време :lol: Јас бев таков пример. Газдите сакаа да ме наградат, и тоа во време кога Господ одеше по земја, и кога к-15 не беше така регулиран за да биде задолжителен. Имено, фирмата на сите им исплати пр.10.000 денари а мене многу повеќе. Како мене имаше уште 7-8 други, кои беа наградени како работник на департман, со повисок износ за к-15 од стандардниот кој останатите вработени го добија.
    Е, ама тоа беше тогаш , реков , кога к-15 не беше така регулиран. А сега дали е дозволливо нарамноправно фирмите да исплаќаат к-15. Различни износи на вработените во иста фирма, а притоа да е запазен законскиот минимум од 8.500?
     
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Фирмата може ако сака и повеќе да исплати. Колективниот договор го регулира минималецот. на овој износ се плаќа само персонален данок. Минималецот исто така е ослободен од данок на добивка. Секој износ над тој, ќе влезе во даночниот износ на компаниите. Затоа и сите гледаат тоа да го платат :)
     
  3. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    2.170
    Драги феминки, доколку имате информација... Во фирмата бев пријавена веќе две години, и во септември потпишав спогодбен отказ. Дали ми следува К-15, со оглед дека непрекинато 6 месеци имам работено кај ист работодавач?
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Да
     
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.195
    А што се случува на пример ако сте работеле повеќе од 6 месеци, но во меѓувреме сте дале отказ и не сте си го побарале тој надомест. Дали сепак компанијата е законски обврзана да го исплати тој износ до крајот на годината и покрај тоа што се прекинал работниот однос?
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly20

    Butterfly20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    А каде може да се пријави фирмата која исплаќа К-15 па си ги бара парите назад? ИТНО ми треба одговор. Ви благодарам
     
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Во државен инспекторат за труд.
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И тоа може анонимно да пријавиш, без да се изложуваш на ризик.
     
  9. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Еве како беше кај нас.
    Ја сум осигурана на пола работно време, незнам ни дали ми следи, а и не ме интересира. Поарно него да му се арам парите, од него ли мене. На останативе вработени (без вреѓање) Албанци се сите и македонски муслимани, незнам како ги извртка, никој не знаеше дека тоа е к15 и им рече дека биле демек по грешка пратени на сметка, им ги побара назад. Мене ми падна жетонот. :angel: Па на сите им кажав дека тоа е нивна 13та плата, т.е. к15. На крај ја го јадов ст**от. Изнаслушав триста муабети као демек зошто не им биле дадени парите, тоа биле нивни, ма трај си и прај си. Овде кај нас нема правдина.
     
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Жени да си прашам нешто јас ама да не ми се смеете :D моментално сум невработена, кај последниот работодавач бев неполни 6 месеци, односно ми фалат 4 -5 дена.. ..е сега дали има надеж за мене за К -15 ,знам немам полни 6 месеци ама некаде слушнав ќе се прогледало низ прсти за тие што им фалат малку денови :D
     
  11. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    По закон не ти следува, е сега, ако ептен газдата сака да те почести, ќе добиеш, ама ретки се таквите газди.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    |(

    Во 2014 ако не сте имале други приходи освен плата, но ви дале и К-15, мора да поднесете годишна даночна пријава за персонален данок на доход. Иако исплатата на регресот за годишен одмор се врши така што работодавачот плаќа за него и персонален данок од 10 отсто, Управата за јавни приходи објаснува дека тој приход е дополнителен приход и повлекува обврска за негово пријавување во годишна даночна пријава.


     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.195
    Јас колку што успеав да разберам и мене треба да ми исплати регрес поранешниот работодавач иако веќе не работам таму, но сепак сум била во непрекинат работен однос повеќе од 6 месеци. На трансакциска не гледам прилив, а еве веќе е 30-ти, па се чудам сега дали јас грешно сум сфатила или како :^)
     
  14. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    2.170
    ^ Да,тρеба да ти исплати пρетходниот ρаботодавач. Јас исто таκа бев вρаботена во фиρма подолго од 6 месеци, и иаκо не сум повеќе таму,ми дадоа Κ-15. (Не оти многу се даρежливи,туκу многу се плашат од заκони) :lol:
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Мене не ми следува К-15 според законот. ДИСКРИМИНАЦИЈА бре па а си пукнеш.
     
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.195
    Епа и јас знам така, ама ете не стигна ништо на сметка, а и никој не ми се јави. Баш мислев дека ќе ми стигнат парите со оглед на тоа што регуларно им исплати на останатите мои колеги кои го исполнуваа условот и не им ги побара назад. Јас тогаш за една недела не го исполнував условот ама после тоа надминав и 8 месеци. Не дека и овој многу дарежлив :lol: ама барем почитува колку толку закони.
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    И јас не добив К 15 но се спремам да си ги побарам.Доколку не ми ги исплати ќе побарам синдикатот да интервенира ,а ако и така не биде ништо тогаш ми преостанува само тужба.Не ми е за парите колку што сум повредена од непочитување на законите во таа фирма.
     
  18. H.a.p.p.i.n.e.s.s

    H.a.p.p.i.n.e.s.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Истото и кај мене. Веќе неколку месеци како не работам во таа фирма, меѓутоа според законот исполнувам услов од претходната година да го добијам тој надомест. Се јавив првично кај газдите да прашам и ми рекоа да поминат празниците па ќе се слушнеме и ќе се договориме. И погодете што, нит се јавуваат нит одговараат на телефон. Не знам дали да се обидувам уште или да преземам некоја друга мерка. Не за друго, ко што што викаш ти, првично сум навредена од таквото однесување кое не им доликува.
     
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Замоли со убаво на мирен начин да се договорите и не мора од твојот телефон јави се од број кој и не познат ;) ако не се јавуваат напиши порака дека не сакаш никому да наштетиш но исто ни да ти наштетат.Јас баш денес им дадов до знаење дека не се откажувам од регресот и дека ако не добијам исплата истата ќе ја барам на суд.Ризикот за нив е голем,а за нас паричната добивка е мала, но е симоблична.
    Затоа ве советувам да си го барате она што законски ви припаѓа.;) и да не се откажувате.
    Ете не сум била единствена.:)
     
  20. H.a.p.p.i.n.e.s.s

    H.a.p.p.i.n.e.s.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Работата е што секогаш сум била во убави односи со нив. До ден денес, дури сум изреволтирана од тоа што премногу ми прават лице и викаат дека ме почитуваат и сум добредојдена секогаш кога ќе ми треба нешто, а кога ќе дојде за вакви работи се такви ладни, лицемерни и одбегливи. Дури мислам дека си викаат, ај она е таква фина, нема ни да си побара нешто, ќе се извлечеме. Некогаш ни со убаво не можеш да ги решиш работите колку и да сакаш, ама убаво викаш, не се откажуваме. Наше право :) Со среќа и тебе.