Имавме таква ситуација на работа, два пати. Вработени на 1 јули, имаат точно 6мес. Не им следува, ама им пуштале на добра волја, зошто е смешно за 1 ден да не добијат.
Незаконски е на 13.01 да земеш к-15 и казниво со закон. Секако ќе биде до крај на декември но чисто ме интересираше кога. Лани им пуштиле на 29ти отприлика значи годинава или ќе биде предходно или 30ти
Обично декември месец е кнап период на директорите за плаќање и затоа едвај успеваат да пуштат до 31.12. @bookslover
Така ни рекоа од книговодство тогаш. Ни газдарицата не знаеше, немало таков случај до тогаш, а вработената прашуваше дали и следува. После тоа одлучија сепак да пуштат и на неа, и после 2 години за друг вработен во иста ситуација пуштија пак. Книговодителката категорично рече дека законски не им следува зошто се вработени на 1.07.
човек, во законот категорично стои дека може само од едно место да земе К15, и мора 6м. се друго е добра волја на работодавачот.
@mickey18 А како да го протолкува другчие кога законот вика дека само од едно место може да се земе к15 ?!
Од 1 место може да се земе к-15, од таму каде прво си го исполнил правото. Ако некој зел од две места, тоа е по добра волја на работодавачот. И јас знам дека треба 6 месеци и 1 ден да имаш, ама не сум сигурна.
Па затоа имаат опција да пуштат и порано а не сѐ во 5 до 12. На другарки наназад им имаат пуштено во октомври, ноември итн.
Скоро 6т месеци како имам дадено отказ од претходно работно место дали законски ми следи К15 , на некои исто така колеги им имаат префлено , а се со толку скоро дадено отказ од таа фирма ?
"скоро 6 месеци" ништо не значи во овој контекст. Законот е јасен - ако си работела минимум 6 месеци непрекинато во оваа календарска година кај истиот работодавач ти следува к15, ако не си - не ти следува. Во случајов, под претпоставка дека од самиот почеток на годината си била таму, ако си го напуштила работното место пред месец јули - немаш остварено право на к15.
Ако си работела од почеток на година до 01.07 ти следува, ти си знаеш од кога до кога, ама мора да имаш 6 месеци