17.150 денари приватен сектор (се менува секој месец) и 12.372 денари јавен сектор (не се менува до крајот на 2025 година).
Колегите мои ќе земат оваа недела к15... јас сум на породилно, дали ќе земам и јас? И дали во ист ден или отпосле како породилното после плата што го земам?
Здраво би сакала да прашам, моментално во фирмата каде што работам сеуште немам 6 месеци, правам 6 крај на септември. Сега во август ќе земам неплатен одмор (најверојатно 7-8 дена). Прашањето ми е дали би ме следело к15 на крај од година или не?
Благодарам за брзиот одговор. Прашувам затоа што почнаа да играат многу неферски. Пред месец дена кога се договаравме за одмори ми рекоа дека иако сум нова и нема да имам 6 месеци ќе ми го дале одморот да го искористам во текот на август наместо октомври бидејки се очекувало зголемена работа па сега било подобро. Вчера ми соопштиа дека истиот ќе бил неплатен бидејки не сум имала 6 месеци, а подоцно повторно немало да имам можност да го користам. Исто така на колегите не им дадоа денови од стар одмор. Па прашувам за секој случај да истерам уште некој месец барем за к15
Каков е тој неплатен одмор? Неплатен одмор значи дека ќе те одјават додека не си на работа. Ако те одјават, нема да ти следува К-15. Прашај си и договори се убаво.
Затоа и прашав баш поради ова. И вчера и денес прашав дали може да разговараме и да се договориме ме откачиа со имаме состаноци, зафатени сме премногу. Не сум премногу упатена во законите па не знам дали важи она правило за секој поминат месец на исто работно место по 1/2 дена годишен одмор па барем врз тој основ да барам да ми биде платен.
Секако дека важи, ако сакаат да ти го дадат. Ама тоа не е неплатен одмор. Неплатен одмор е само да те одјават. Пиши им на меил, побарај си денови писмено или прашај кога ќе имаат време да седнете да се разјасните. Не спомнувај "неплатен", туку само одмор. И претходно договори се сама со себе, заземи став, ќе одиш на одмор во август по секоја цена или има простор да со договориш со нив кога/како ќе го користиш. Ако оставиш впечаток дека не си сигурна, ќе го злоупотребат тоа многу веројатно.
Неплатен одмор по закон значи дека ќе те одјават и ќе имаш прекин во стаж за тој период а после пак ќе те пријават. Така да не ми се верува дека ќе добиеш К15. Земи си одмор по 6 месеци, законски мора да ти дадат и плус ќе мора и К15 да земеш. Вака ми личи ко да те начекале неупатена и ем ќе си решат да не ти дадат платен одмор ем нема да исполниш услов за К15 ако отидеш на неплатен.
Целата работа беше што јас и првично се пишав за одмор крај на септември кога и ме следеше после 6 месеци, они беа тие што ми рекоа дека ако ми одговара да ми го дадат порано и дека ќе биде платен бидејки се очекувало поголема работа тој период. Вчера само дојдоа и рекоа да знаеш одморот ќе ти биде неплатен немаш 6 месеци без простор да прашам или да кажам било што. Очигледно е дека бараат луѓе што не се толку упатени во законите и правата се со цел за нивна корист