Секој месец имаш право на два дена одмор, а после 6 месеци работа доколку не ти се користени овие два дена имаш право на 22 дена одмор кој 11 можеш да ги користи ти кога сакаш а 11 тие кога сакаат ќе те пуштат, или по договор меѓу себе. Ако одиш на неплатен одмор не фигурираш како вработена те објавуваат ама ако се вратиш и повторно почнеш да работиш би требало ако до 31 декември направиш 6 месеци да ти пуштат к 15, законска обврска им е тоа, е сеа ако фирмата е претставена во загуба тогаш може шо сака да ти прае.
20 дена се одмор а не 22. Над 10 години работен стаж ти даваат плус 1 ден т.е 21 ден годишно. Еве јас со 8 год работен стаж никад не сум користела повеќе од 20 дена одмор годишно
Тоа си е до фирмата кај шо работиш јас сум бил со 22. законскиот минимум за годишен одмор е 20 работни дена, а максимумот е 26 работни дена. Со тоа шо ако те одјави пред да направиш 6 месеца и ако те пријави пак ради престанокот немаш право на цел годишен одмор туку само на 12 дена, може и со к15 има некоја ваква шема па овој и го прави на женава не сум запознаен баш.
јас имам скоро 9 години па цело време сум со 20 дена годишен одмор. Баш пред некое време барав закони за работни односи ама не исчитав се и не знам
Најмалку 20, со колективните договори или договорот за вработување може и до 26. Еве јас знам некои користат и повеќе од 26 дена, па се тераат одмори, одмори. Зависи и од фирма до фирма, може да дава и плус денови (кои се башка од одморот), а да е на добра волја или еве, некоја воспоставена практика која функционира (не кај сите вработени исто). Е сега нормално дека повозрасните вработени согласно стажот си имаат апла бенефити ко што не може пример некој без ден искуство да бара преку леб погача.
За К-15 да се земе, дали треба да сум вработен точно 6 месеци или повеќе од 6 месеци? Да кажеме ако сум почнал со работа од 01.07.2025 (претходно не сум работел) дали ќе ме следува К-15 за 2025 година?
Ако си почнал на 1 јули, до декември нема да имаш 6 месеци, за малце, така не ти следува, за нивна добра воља може некои да пуштат, ама тоа кај нас тешко.
Ти следува. Образованието е еден од основите по кои работодавецот може да ти даде денови плус, ако сака. Не е задолжително.
Не ти следува, на 1Јануари правиш 6 месеци во фирма, а законски е до 31 Декември да имаш 6 месеци во фирма направено..
Директно не, но индиректно да, бидејќи со завршено високо образование се задачи со поголема сложеност на работа.