Не сум сигурна како точно е законски, за боледувања на пример исто вика 6 месеца па се случувало да им бараат 6мес и 1 ден. На работа имавме ситуација вработена на 3 јули, и газдарицата викаше нема смисла за 2 дена да не земе К-15 и и пуштија. Така да ако се коректни и ако си ја вршиш добро работата, би требало да добиеш.
Јас од 11.03.2025 сум на боловање и потоа продолжив со патолошка бременост инаку претходно веќе регуларно си бев пријавена веќе 7 години. Дали ќе ми следува К15 за 2025?
јас работев во фирма 2 години и по завршувањето на породилното напуштив. Отказното решение го потпишав во октомври а во декември ми пуштија к-15 иако 2 месеци пред да пуштат веќе не бев вработена во фирмата
18.205 денари (приватен сектор) – променлив износ секој месец 12.372 денари (јавен сектор) – непроменлив износ во 2025 година https://rafajlovski.com.mk/plata-za-tekoven-mesec.nspx Податоци: 28-а и 28-б
Во јуни се вработив и на 12ти декември ќе имам 6 месеци работен стаж во фирмата, но во август им го исплатија к-15 на фирмата, дали во декември може само мене да ми пуштат или неможе дека веќе исплатиле?
со 32ви декември треба да исплатат на сите кои во тековната година оствариле најмалку 6 месеци работен стаж. Така да ќе ти исплатат само тебе
Во Октомври дадов отказ од фирмата, но го исполнувам условот за К15 поминати шест месеци во тековната година 2025. Моето прашање е дали може фирмата да ме прескокне само мене при исплатата и да не ми се исплати К15 бидејќи си заминав на мое барање? Од другите вработени е би можела да дознаам кога и дали ќе им исплатат к15 бидејќи кога си заминав неочекувано, претходната година им пуштија околу средината на Декември.