Моментално сум на породилно од 01.06 Денес во фирмата пуштиле к 15 ,кај мене нема. Дали не ми следува пошо јуни ни ден не ми е работен или да се бунам ?
Ти следува, мора да ти пуштат. Вработена си иако си на породилно. Јас на патолошка бев од август 2024. Скоро ми заврши породилно и земав к15 пред една недела.
Буни се, зошто по правило не ни треба да може да пушти кај другите ако не пуштиле кај тебе. Треба на сите наеднаш.
Јас од септември сум на породилно. Со време си изгаламив за к15 да не ме заборават . Сега ко што не даваат породилно добро ми дојдоа
Моментот ми беше шо јас на 01.06 ти заминав на породилно и ако гледаш од јануари фактички 5 месеци сум била на работа затоа и прашав да не има негде во законот 6 месеци да сум на работа. Не знам еве колешка ми пиша дека имале денес отворив сметка кај мене нема. А срам ми е да се јавам
Да, да те сфаќам, јас имам повеќе од 6 месеци пред породилно. Ама не си одјавена од фирмата. Јави се прашај чисто да не те забораиле
Нема врска породилното. Јас бев на породилно од јануари до октомври и на одмор до ноември. Таа година на работа бев 15 дена во јануари (помалце сигурно биле дека празници, дали 5 дена сум работела) и цел декември, па си земав породилно заедно со сите колеги. Едноставно ќе се јавиш кај кој е одговорен и ќе кажеш дека си слушнала дека е веќе исплатено к15 а кај тебе нема, дали може да проверат да не има некоја грешка, зошто после нова година се празници, нема да може да се среди брзо ако има некаков проблем. Не мора да им викаш зошто мене не сте ми дале, ете муабетот нека биде чисто да се провери.
Зборев со колешката вика не го пишувало како к15 туку како регрес за г.о и ваков ист ни беше исплатен еднаш во јуни имаше и кај мене. Јас како што сфатив тогаш не е исто ова ама не знам колашеката вика исто дека е со к 15 и збунета сум сега.
К15 е уствари регрес за годишен одмор. Штом си земала во јуни тоа е тоа, не може 2 пати да ти пуштат.
Дали на сите ви било испатено тогаш во јуни/јули ? Можеби како што кажа Тами ви го имаат поделено на пола. Минималниот регресот сега е 18.150, според тоа види колку ти имаат исплатено тебе тогаш. Ако ти исплатиле приближно таа сума немаат обврска сега пак да ти исплатат, а ако ти исплатиле пола од ова треба да ти ја пуштат и другата половина.
Здраво, Дали може некој да ми праќа линк од каде можам да пријавам работодавац зашто не сака да плаќа к-15 оваа година?и дали е анонимно или треба со твоите податоци како вработен?