Јас искрено не сакам сама да си ги барам парите, би сакала инспекциите да си ја завршат работата како што треба...верувам дека штом има волку неисплатени работници на форумов дека има уште којзнае колку што не пишуваат тука. Кога ќе ми текне само колку пари му имам донесено во таа фирма и да се прави мутав за нешто минорно во споредба со тоа е срамота. Се надевам дека законот ќе го стигне, па ќе го превоспита со една убава казна. Ние секако сме заштитени според закон и мораат да ни ги исплатат парите, само треба да почнат убаво да ги чешлаат.
Вчера беше густо и замислите к15 пуштено во друга банка на отворена нова сметка, а јас не информирана. Значи има и такви случаеви каде банките се поврзани и со газдите и пари се кријат по други банки. Неверојатно но за жал вистинито. Инспекторите не можат ништо без пријава, макар и анонимна затоа пријавувајте не им се плашете. К 15 е само охрабрување за работниците да си ги бараат своите права и причина да интервенитраат инспекторите на кои до вчера рацете им беа пракично врзани.
Парите се пуштаат на физички лица а газдата не може во твое име и за тебе да отвори с-ка, а он на тебе може да пушти пари од која банка сака т.е има отворено с-ка. Не е ништо ново да газдите имаат отворени с-ки во повеќе банки.
Имаат наши податоци,копии од лични карти,матичен број,ете јас сум доказ дека може. Имам сметка во друга банка,број на сметка....а не сум информирана. Не само газдите секое физичко лице може да има повеќе сметки,во различни банки само ако има пари . Мислам сметки отворил на сите работници во таа банка и од таму парите се префрлаат во друга банка од кај што земаат плата .
Не сум ви кажала, ама си ги земав парите. Нормално после триста маткања низ институции додека да најдам некој кадарен да ми даде одговор на конкретното прашање дали ми следува к-15 и покај тоа што јас сама си дадов отказ т.е. станува збор за така наречен спогодбен отказ. Ако и некој друг е во дилема во иднина да си знае дека секако му следуваат, затоа што ако слушате секакви неписмени луѓе по институцииве кои за жал често се и правници може и да се откажете предвреме верувајќи им на стручноста.
Кај нас ни исплатија и денар не ни побараа да вратиме а другиве приватници или им ги бараа да им го вратат назад во плик цел износ или им кратат од плата.
Девојки, не сум во тек - дали и оваа година приватните фирми се обврзани на вработените да им исплатат К-15??? Имаше некои муабети - со закон ке треба да се исплака и во приватните фирми, а и државата ке исплака на вработените во јавна администрација, па НЕ немало да биде така оваа година!!! Што е вистината? Ви благодарам
Мислам дека уште важи. Но, во преговори е да се направи да не биде задолжително или ако веќе не може да се укине, тогаш да се направи К-15 да се распореди преку цела година. Такви беа реакциите од страна на претставниците од приватниот сектор како што се сеќавам пред одредено време.
Синдикатот им попушти на работодавците, нема да има минимална граница за висината на регресот, а за износот ќе одлучуваат работодавците и синдикатот. Спојлер http://www.utrinski.mk/?ItemID=81D3C66CFACDBA4F966DAF12F9EE7F16
Не мора ако фирмата не е рентабилна.Ако фирмата нема синдикат претставник од истатаа ќе се изјасни ека работат во загуба исто и во случај ако е (танте за кукурику) пата пата, нит добивка нит загуба.
Јас читав дека законот за задолжително исплаќање на К15 трае до крајот на 2015год. Никој нема точна информација
Дали некој знае доколку лицето е вработено со дополнително раб.време (поточно 10 часа неделно,а 40часа нормално во др. Фирма) треба да му се плати регрес и во фирмата каде е осигурано на 10 часа?
Не. Законот важи само за лица кои се мин. 6 месеци осигурани на 40 часа неделно, се друго е прекувремено и е по сопствена или ,,не,, волја. За 2015год. треба да се исплати до 31,12,2015 но некои исплаќаат и во Јануари наредна год.