Дали некој знае ако лицето повеќе не работи во фирмата а работело 6 месеци дали му следува к15? А при работењето има направено штета што изнесува повеќе од сумата предвидена за к15.
Јас знам дека му следува на секој кој во фирмата работел минимум 6 месеци во 2015,без разлика дали сеуште работи. Во овој случај,најверојатно ќе бараат да биде вратен(зависно од тоа каков е договорот во однос на покривањето на штетата)
Za steta nez,a moja komsivka rabotese vo firma i napusti se vraboti vo druga no nema vrska toa nejze ja sleduva i sega treba da si go zeme ako ne i e i zemeno veke,e sega za stetata moze i da si go povratat nez
Епа според вас лицето треба да земе к15 а како ќе ја исплати штетата зошто ја има напуштено земјата кога си отишло од фирмата. Значи ли тоа дека кој е останат во фирмата треба да ја плати штетата, а тој што ја направил уште и ќе биде награден.
Edno prasanje, dali sleduva K-15 ako e vraboten vo edna firma 7 meseci, a napustil i e vo druga 3 meseci. Dali treba prvata firma da isplati K-15 ?
К-15 не е награда,туку законска обврска. Односите во фирмата не ги знам,тоа си е ваша работа. По закон,к-15 треба да се исплати,сепак консултирајте се со некој правник што може повеќе да ве упати
Епа ако е законска обврска како тогаш на некои вработени им се исплаќа к15 а на други им се крати од плата по 7-8000 денари? И што е најинтересно к15 добиваат тие што најмалку работеле.
Znaci rabotniot staz e poveke od 6 meseci sekako, no za ovaa godina se ima staz vo prvata firma 7 meseci, zatoa sto zborime na godisno nivo.
Пак ќе кажам,односите во фирмата не ви ги знам не ни сакам да навлегувам во тоа, и ве молам да не ме напаѓате,бидејќи јас не го измислив нити донесов законот. Поздрав!
Не напаѓам никого, немој погрешно да ме сфатиш. Прашав дали некој имал слично искуство да сподели и да даде совет. Не е фер некој да краде и да не работи и плус да му платат за тоа, а некој што работи уште и да му скратат. Калимеро
Како стручна во темава се надевам дека ќе ви помогнам околу некои дилеми.Државните институции не се опфатени со овој закон (тие се виша сила). Но приватниот сектор е законски обврзан да исплати регрес за годишен одмор попознато како К-15 на секој вработен што во неговата фирма има направено стаж од најмалку 6 месеци, без разлика дали е сеуште вработен или не,и тоа во висина од 8 800 денари за 2015 год. и персонален данок на овие пари во износ од 978ден. Со исклучок доколку фирмата од сметководствена и правна гледна точка смета дека исплаќањето на регресот ќе влијае негативно на нејзината рентабилност (ќе го загрози нејзиното понатамошно работење поради недостаток на парични средства) може да поднесе барање до синдикатот на гранката на која припаѓа (членува) и доколку ова барање е основано тогаш може да му се определи некое намалување од законскиот износ,но секако нема да биде целосно ослободен од законската обврска.Сепак сметам дека поради неажурноста на институциите во нашиов систем ниту една фирма не би ризикувала да чека да добие одговор од синдикатот, кој сигурно ќе го добие после неколку месеци и со тоа да плати казна од околу 4 000 евра за неисплаќање на к-15. Се надевам дека не беше премногу опширен одговоров, но се беше со цел некому да помогнам да си ги разбере своите права и истите да си ги бара. Доколку со тие 10 часа неделно има стаж од 6 месеци од по 40 часа неделно тогаш му следува да но ова беше во Ноември а сега е друго Законски К-15 ти следува и не постои клаузула во законот дека регресот може да се пребие со штетата што е направена од страна на работникот. За штетата сигурно има друг законски начин да се наплати Краен рок за исплата на К-15 е 31 декември
Значи вака, еден беше вработен 6 месеци на 10часа неделно, и уште 2ца околу една година... Доколку може да ми пресметаш, дали треба и колку да се плати
Ниту еден нема право на регрес затоа што кога ќе им се пресметаат работните часови ниту еден немаат 6 месеци регуларен стаж (треба да има 6 месеци х 4 недели х 40 часа=960 часа минимум за да оствари право на регрес).Првиот има 240 часа а другите двајца 480 часа. Се надевам дека ти помогнав