Здраво феминки Знам дека темава сеуште не е актуелна но сепак е добро да се знае и однапред. Еве малку помош за сите што имаат дилеми околу регресот. Сепак треба да се знае дека доколку фирмата е во загуба и доколку добие одобрение од синдикатот во кој членува(на соодветната стопанска гранка) може да исплати помал износ.Исто така може и со потпис од преставници од вработените дака се согласуваат со одлуката да се исплати понизок износ на регрес. Ова остава простор некои од работниците да бидат врбувани за да се потпишат, тие да добојат повисок изноз во замена на нивниот потпис. Со ова ем фирмата законски ќе си биде регуларна ем ќе си заштеди на товар на работниците. Но работодавачите треба да си знаат дека КОЛКУ ЌЕ ДАДАТ ТОЛКУ ЌЕ СИ ДОБИЈАТ. Затоа што кога работникот е задоволен тогаш и повеќе работи што заначи дека повеќе придонесува. Ова го кажувам од искуство.И јас и мојот сопруг сме работодавачи. Од стартот на овој закон и моите и неговите работници во целост си го добиваа заслуженото,без разлика на тоа дали сме биле ликвидни или не.но затоа работникот кој е задоволен нема да ве одбие за ниту една работа и во ниту едно време. Со еден збор работата оди напред. На работното место и јас а и мојот сопруг одиме со задоволство затоа што работниците на нас не гледаат како на омразени личности туку како на другари.Кафето не го пиеме сами и затворени во своите канцеларии туку сите заедно. Можеби за некого ова не е исправно но тоа е нашата одлука донесена врз основа на нашето искуство кое не е премногу големо (ние сме релативно млади 30 и 35 год,)кај работодавачи кога ние бевме работници и кога наутро одевме со мислата само да помине денот затоа што таму немаше никаква атмосфера за работа туку само надменост и омраза. Малку претерав со пишувањето но сакав да го споделам моето мислење и гледање на оваа тема.
Здраво Во фирмата каде што работам к15 го даваат во август. Е, сега јас почнав да работам таму од 18 јануари, и првиот договор на 6 месеци ми е до 17 јули. Дали по закон ми следува к15? Прашувам бидејќи слушам муабети од колеги, дека заклучно со први јули ако сум имала полни 6месеци ке ми следувало, а во мојов случај не е така. Ајде некој ако е запознаен подобро, плис за одговор. Фала виии
Јас од 1ви Март сум на боледување, моментално под социјално. Бремена сум и краен термин ми е 1 Октомври. Здравје, во Септември ке го отворам трудничкото боледување. До тогаш ке бидам по социјално, специјалист ми продолжува секој месец боледување. Имам ли право на годишен регрес к-15? Во фирмата работам 3 години.
Регрес си дава таа фирма што е во можност и без да и наложи НЕКОЈ. Оние фирми што си даваа бонуси за велигден, нова година итн. пак си даваат. Додека има и такви кои им е наложено да дададат и мора да дадат и после им викаат на вработените да им ги вратат.
Не знам дали и оваа година ќе се исплаќа к15,ама ако се исплаќа ме интересира нешто кој знае да ми каже.Од следниот месец си одам во др. фирма,па ме интересира дали оваа фирма кај што сум сега ќе мора да ми исплати к15 или немам законско право.Зошто како сум јас информирана ако си подолго од 6 месеци во една фирма во тековната година,треба да платат?
Во право си. Мора да те исплатат, иако не работиш веќе таму. Условот е да работиш минимум 6 месеци во годината таму.
Нема врска породолното, ти си врабоѕена се уште во гирмата. Следува регрес. Но дали ќе дадат и оваа година. Јас колку што знам толку беше од регресот. Дај бпже да сум грешка.
ќе ти дадат. законски треба да ти дадат. без разлика на породилно. ти си вработена таму повеке од 6месеци.
Vo firmata pravam 6 meseci na 6 dekemvri,ama sakam da otkazam na 10ti,zakonski mi sleduva k 15,neznam na koj nacin da postpam,da mi dadt.ima nekoj sto mozi da mi kazi kako da se zastitam vo ovoj slucaj.mislam deka nema da mi dadat,deka ke me odjavat unazat kolku sto mozat poveke.
Ako ste ispolnile 6 meseci na rabotnoto mesto na site vi sleduva bez ogled dali ste na porodilno ili ne
И ете конечно на крај на годината како и најголемиот дел од нас го добив К 15. И мн нормално како и мн други морав да го вратам. На сметка ми беше пуштена основицата + 8900 ден за К 15. Кога отидов во канцеларија кај работодавецот ( редовно одиме за да го земеме остатокот на рака што не е на сметка ) пресмета колку имам на сметка пуштено овој месец (330 евра = основна плата + К15 ). Мојата плата е 280 евра. Пресметката беше дека треба да му додадам уште 50 евра за да дојдеме до бројката 330. Едноставно да се раздолжиме. Поминаа неколку дена не му ги однесов и ете ти го денеска ме повика да ме потсети дека му ги должам. Му реков да ми ги одбие од следната плата тие 50 евра да ми се најдат за празнициве, не сакаше ни да слушне. Вика ги сакам одма. Ем ти ги зема твоите пари што ти следуваат по закон, ем не сака да те почека ни 20 дена да му ги вратиш во целост ( 100 евра веќе ми ги зема од оние што треба да ми ги даде како плата). А од друга страна купи дрва за дворот на фирмата во вредност од илјадници евра, а за вработените нема ни тронка како награда за празниците. Нему нема ништо да му значат тие 50 евра што сепак ќе му ги вратев наредната плата, а мене ќе ми значеа многу. Ги зема парите што ти следуваат и уште не сака барем на рати да му ги вратиш, а камоли да му ги побараш за себе. НЕМА ПРАВДА!!!
Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, за „Слободен печат” објаснува дека не секоја фирма има обврска да исплаќа К-15. Тој вели дека такво право имаат фирмите кои работат со загуба, откако претходно ќе побараат дозвола од Синдикатот. - Според измените на Колективниот договор што се објавени во „Службен весник“ на 14 јули, компаниите што имаат економски тешкотии, кои имаат загуби, или пак, имаат блокирана сметка, во спогодба со синдикатот може да договорат помала исплата од 40 проценти од просечната плата во Македонија, износ што е прецизиран како најмал износ за регрес за годишен одмор. Но, нема долен лимит за колку може да се намали К-15, што практично значи дека ако фирмата нема можности, и не мора да исплати регрес. Сега, останува на компаниите што имаат економски тешкотии да го искористат ова свое право, односно навреме да се спогодат со синдикатот - вели претседателот Димитров.