Кај што работев јас ќе им исплати на другите само мене не зошто си отидов така да секако ќе пријавам зошто он исплаќа не е во загуба.
Имаш право да бараш. Но, ако имаш потпишано еден бланко документ (а во некои фирми и тоа го има) може да го искористи како откажување од К15. Во некои фирми има давале на работниците да потпишат согласност дека не се противата на неисплаќање на регресот ...од разноразни причини. Исто така, мислам (но не сум сигурна) има значење и тоа по кој основ си одјавена. Ако си одјавена поради не појавување на работа, или поради незадоволство од страна на управителот од твојата работа (отказ од нивна страна)...тешко дека ќе успееш. И...извини ама не прочитав дали имаш повеќе од 6 месеци стаж во таа фирма.
Спогодбено си отидов и да во изминатата година работев 9ипол месеци без прекин така да по сите основи имам право.А никаков бланко документ не сум потпишала.
Јас во моментот сум на ново работно место веќе 5 месеци. Предходно работев во друга фирма скоро две ипол години. И покрај тоа што дадов отказ сепак ми исплатија К-15 на крајот на 2016 год. Законска обврска на работодавачот е доколку работникот непрекинато работел во фирмата 6 месеци да му исплати регрес за годишен одмор.
Zdravo imam potreba od nekoj koj se razbira vo pravoto za k -15 za privatno da se konsultiram preku licna poraka.
Еве и јас да прашам во фурмата работев 4год оваа година во јули дадов отказ. Денска ми јавија дека пуштил к-15 а кај мене нема @sanjaeva те читав погоре и сега се мислам јас кога напуштив не потпишав ништо рече дојди потпиши па после не сум слободен и сеа се мислам да не направил некоја далавера да пишал дека ОН ми дал отказ па за тоа да не ми пуштил. Многу сум изреволтирана и планирам да го пријавам
Ако во тековната година за која се исплаќа регрес за год.одмор имаш работено 6 месеци, тогаш ти следува. Кажуваш дека во јули престанал твојот р.однос. Ако е така, тогаш барај си ги своите права. Нема врска на кој начин престанал р.однос. Ти си работела 6 месеци во 2017та. Има начини како работодавецот да ја избегне исплатата на К15, но ако извршил исплата на колегите, апсолутно ти следува и тебе.
Ako si rabotela 6 meseci vo tekovnata godina bilo kako da si se odjavil od rab odnos otkaz dobrovolno ili bilo kako mora zakonski da ti pusti K15
Дали може да се пушти к 15 само на некои вработени, а на други не? И дали имам право да барам к 15 ако останатите во фирмата потпишале документ со кој се откажуваат од регресот? Инаку на породилно сум.
Не смее да се пушти к 15 само на некои вработени, туку мора на сите, доколку се пушта. Како што кажа членката погоре, има начини работодавачот да не исплати к15 но не може да исплати на едни, а на други што ги исполнуваат условите, не. Исто така вработените не можат да се откажат од правото на к15, исто како што не можат да се откажат од правото на годишен одмор.
Знам лани во декември ни викаше да потпишеме изјави дека сме согласни к 15 да ни исплаќа на рати, наредната година. Секако не потпишавме и ни го исплати целиот износ одеднаш...
Многу пуштаат, па на крај бараат да им се вратат парите. Некои сите пари, некои половина од сумата. Лично јас познавам луѓе што ова им се има случено.
Пријавувајте луѓе!! Нека ги казнуваат! Знам дека ќе кажете лесно е од страна да се збори, ама ако самите не се избориме за своите права никој нема да се бори за нас. Ако сите вработени одбијат да ги вратат парите, газдата не може сите да ги избрка..
За случајот за кој спомнав се само 3ца вработени. Пола парите ги земаат, пола ги враќаат. Истото што го велиш ти им го реков и јас. Но ми рекоа дека не можеле да се жалат бидејќи утре можат да летаат од работа. На многу места е вака. Само луѓето молчат. Молчат од страв да не останат без работа. Тоа е.
На многу работни места луѓето лесно можат да бидат заменети, а факт е дека нема сите да се прават будали и да не ги вратат парите. Проблемот е тоа што некои вработени се средовечни луѓе, луѓе над 50 години, со средно, без опции за друга работа, што поради квалификациите, што поради годините. Затоа и ситуацијата не може да се реши, проблемот е многу покомплексен. А и не е проблемот само К 15, јас лично знам луѓе кои земаат 12000 а враќаат 2000 секој месец.
Пола и повеќе фирми работат со фраќање на к-15. Да пријавиш? Немаме правна држава за пријави. Како и да е работникот е оштетен пријавил или не.
Ве сфаќам и двете @L-a-r-a22 и морам да признаам дека, за жал и двете сте во право. Затоа и напишав дека разбирам кога на мислење како моето, секогаш следи одговор дека лесно е да се збори од страна. За жал ваквите работодавачи секогаш ги имало и ќе ги има... Проблемот лежи подлабоко, свесни сме за тоа, но сметам дека од некаде мора да се почне.. Не сакам да ја вмешам политиката тука, но доколку синдикатите не беа исполитизирани и навистина се залагаа за заштита на работничките права, можеби и работниците немаше толку да се плашат за своите работни места, па и ќе се бореа за своите права кои законски им следуваат.
Мислам дека ова со к15 е само пред ујп да се чисти газдите а после тоа се договараат со работникот дека треба да муги врати на самиот газда неднаш или на рати тоа е и двајцата имаат интерес работникот останува на работа а газдат е чист према УЈП а парите му се вратени тоа е тоа кадија те тужи кадија те суди
Знае ли некоја да ми каже дали ми следува к15 бев на породилно до 28 јули па одма напишав одмор и на работа дојдов крај на август