Дали сумата за исплата на К15 е иста за сите фирми? Ако да, која е таа сума? Ако не, по кој основ се утврдува висината на исплатата на К15? На пример за минимална плата која би била исплатата?
1000 денари. Многу ќе ни се подигне фирмата. Не ми е јасно како секоја година по 1000 денари даваат, а фирмата постои 10 години. Ако е толку во загуба зошто постои (П.С. ние вработените знаеме коку е во пораст и тоа мн..)
Pred mesec dena se vrativ od porodilno a vo firmata rabotam 4 godini I sega mi kazuvaat deka ne mi sleduvalo k-15 ke saka lI nekoj pravnik da mi kazi dali toa e zakonski ispravno
Јас мислам дека не е законски нели треба 6 месеци да имаш во иста фирма и истата да ти исплати К-15,едино ако немаш прекин во работниот стаж .Тоа можеш да си го провериш самата .
Не сум правник но знам дека К-15 следува на секој оној кој има работен стаж од најмалку 6 месеци непрекинато така да во случајов на тебе ти следува. Нормално дека така ќе ти речат во фирмата. Ако прашаш македонско газдиште ќе ти каже и плата дека не следува. Да си ги бараш правата!
Ова е извадок од Правдико: Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. Никаде не е посочено колкава е минималната сума која мораат да ја исплатат. Веројатно од причина што законот на некој начин ги штити работодавците за да може да се зафркаваат со вработените давајќи им такви бедни суми. Но сепак потпис за тоа треба да стават и соодветните овластени претставници од фирмата како што е објаснето. Зависи дали сето тоа е испочитувано, ако не е работодавецот веројатно ќе сноси одговорност и казна ама за тоа треба пријави по инспекции.
Да. Но овде мал град инспекцијата кажува кој пријавил. И автоматски си одиш од работа :/ Башка не тераат 5 пати во месецот да се потпишуваме ко да работиме по 5 часа а ние по 8 работиме
Тоа е за жал уште кога се се работи кај нас преку врски, подмитување и познанства...Не само во помалите градови, еве и тука во Ск. истото се случува. Инспекција викање само ако планираш секако да си одиш од таму оти јасно дека отказ не ти бега.
И јас се вратив скоро од породилно и ми кажа правник ( кукен пријател) дека ми следува к15 така да не се секирај ке има до крај на месецот
Каде да пријавам дека не ми е исплатено К15? Образложението е дека не ми следува бидејќи сум била на породилно боледување.
нема шо да пријавиш треба прво да се распрашаш дали ти следува ако си работела 6месеци во 2017 имаш к-15 ако си на породилно немаш к-15 за најсигурно информирај се во трудова инспекција во твојот град
@ALISA0000 @RainBow Се јавив вчера во трудова инспекција и од таму ми рекоа дека ми следува. Истото им го пренесов во сметководство и пари ми пуштија доцна попладнето.
секој или секоја која има непрекинат стаж од минимум 6 месеци непрекината работа им следува К15 или регрес за годишен одмор и се исплаќа 40% од пресечната месечна плата која се објавува секои три месеце од државен завод за статистика ако се исплаќало во декември би било 9292 ден