Посебен затвор да отвориме за крадачи на марули и поклонувачи на фискални сметки, не бива такви тешки криминалци да се во исти простории со убијци и силувачи
Јас еднаш и тоа кога купивме нешто нова електрика за дома. Иначе вака со нормално секојдневно пазарење може само ако собираш од куп други.
Во Германија имаше мај месец од државата карта од 10 евра со која можеш цел јуни да патуваш со воз низ цела држава како економска мерка. И невидени гужви се направија од луѓе за да ја купат. Ние во утепаново ни државиче каде цените за патарини и горива кои се непропорционално високи со плати и идат кај "оние", каде едвај им текна да стават некоја меркичка за студенти. расправаме оти сме нашле можност да добиеме најмногу (пази најмногу збориме) 600 денари месечно.
Јас претпоставувам во државна болница барем еднаш си искористила услуга или не? Оти таму исто со пари од фонд и буџет се плаќа услугата и персоналот за да не плаќаш ти. Или за доброто на загрозените строго во приватни се лечиш?
@RainBow ве молам за мислење. Јас ова го видов низ фејсбук група како си споделуваат илјадници жени па затоа сакав да помогнеме на кој му треба и тука. Сега имам едно 15 фискални, ако не дозволувате јавно, тогаш пишете ми лп ќе чекам одговор од @RainBow
Некогаш се пишуваат глупости, колку само да се напишат. Дали мојата фискална ќе ја сликам и ја објавам тука или на фејсбук, ќе ја оставам на каса, ќе ја фрлам во канта, ќе ја дадам лично на рака во фамилија, нема никаква разлика. Каде е криминалот во донирање на својата добивка од данокот кај друг? Може само да бидат самите сомнителни пред закон. Земаат минималец, трошат над 1000 евра месечно.
Јакиот криминал ако некој земе 1800 денари, ќе се збогати. Секој кој скенира сметки и онака нема пари у изобилство, тој кој ги има не ни знае како тоа се прави. Сите цени отидоа ненормално нагоре па ќе ја жалиме уште државата за данокот. Они кога не штребат у ред е. Ај не праќаме, нек им останат да си се подноват со некој нов златен сервис наредно тримесечие. Не е шала више минималец од 18000, осет да се немало!
И тоа 1800 у три месеци или 600 месечно. И ова најмногу збориме. Како викаше Шахпаска па тоа се по 2 кг месо во фамилија
Или 7200 годишно под претпоставка да ги собереш сите. Што и не е така лесно, еден куп пари треба да се потрошат за тоа. У превод колку за една сметка за струја едвај.
Поглупа тема, амин. Навистина сте загрозени случаи вие кои чекате и барате сметки за скенирање? Не мора овде да одговорите, одговорете си себеси. Ако да, браво за темава и со здравје користење. Не се секирајте, не е незаконски, но во аргументите како "видете другите сѐ испокрадоа, зошто да не ќарам и јас макар било тоа бедни 300 денари" ви стои одговорот зошто живееме во најусмрдената дупка во Европа. Нула одговорност и морал, е тоа. Да потрошевте енергија на пола од ова барање ситни пари, за она што вистински ви следува и ви должи државата, а тоа е минимум услови за достоинствен живот, ќе имавме некој напредок. Ама не, ќе бацувате попрво га*ови по штабови, тоа е тој ментален склоп.
Немаш некого што работи на бензинска или во трафика. Од цигари и гориво се полни најмногу. Јас по неколку полнам.
Пошто темава е поврзана со мој ддв знае некој на кој е -маил можам да им пишам за да ми поправат згрешен е-маил? Звонев на тел никој не крева .
Леле и јас, урлам во хотелскава соба Ако ме пријават на рецепција и отстранат од хотелов, темава е крива, поточно одредени коментари на неа
А што е толку страшно во темава? Значи имаш вишок сметки и место да ги фрлиш, некој ќе земе плус 10 денари. Голема работа. Не крадат од секоја страна, па сеа да морализираме за ситнурајки