Освен како што напиша @Reina.Gitana, може да скенираш и преку компјутер и телефон. На компјутерот ја отвараш темата, а на телефонот ја отвараш апликацијата Мој ДДВ. Се разбира ако имаш „брзи прсти“.
може некој ако има стигнато до 1800, и има вишок сметки да прати во лп? овде не се стига на ред. јас за ова тромесечие едвај 800 денари имам..
Аман, само што ја постави Аника сметкава, веднаш ја скенирав, одма скенирана?! Моиве беа брзи прсти, ама изгледа има и побрзи Неколку секунди беа во прашање
Темава одамна нема смисла, освен некој ако не прати инбокс. Мене не ми е логично за 2секунди да скекираш сметка и да дремиш цел ден за фискална да фатиш. И сигурна сум дека цело време е ист/и шо скенираат тука. П.с многу подобранци на темава ќе видиш шо никаде ги нема инаку и не си ги сретнал
Вака сега многу луге ми пишавте за фискални . Овој месец завршува тромесечјето ке ви помогнам колку можам. Ама од следното ветувам повеке.