А бе скенирајте си уво да не ве боли. Луѓе чекаат на каса во Тинекс да им дадат сметка плус. Едно влегување у маркет стана 1000. Само покажува на кое ниво ни е економијата. Кој како знае нека си се снаоѓа. Коа више законски државата ти дава некаква поволност, нормално дека ќе ја искористиш. Тие 1800 денари сигурно нема да отидат за нова градинка/школо или асфалт. Штом се дала ваква опција значи е економски исплатлива за државата. Ако некој ги потрошил тие пари дали он или тој до него ќе земе 15% од 18% исто е.
Не знам зошто не сака линкот да се копира. Број промена н адресни и контактни податоци. Девојката беше многу фина и брза
Од кај ќе бидат тие плус 10 денари? Ние ги плаќаме, не ги дава владата. Ја би скроз да ја укинат одлукава. Ионака, најпоќе корист имат, тие шо имат високи примања. Поарно тие пари да ги инвестираат во нешто конструктивно. Сите политики ни се плукни-залепи
Не 1800 е лимитот Луѓето шо собрале помалку пробуваат да стигнат до лимитот Cuz why not да го земат максимумот
Во овој случај не, не ги плаќаме ние. Ако идам у маркет и пазарувам, јас и само јас го плаќам ДДВ-то. Дали ќе решам тоа да го скенирам лично или ќе дадам друг да го скенира не значи дека некој краде "наши" пари. Мои пари се тоа. Обично во 1 домаќинство само 1 скенира. А сите пазарат. Што е разликата дали ќе го дадам дома да скенира некој или ќе го дадам на некој друг доброволно?
Прво одговори ми дали на лекар одиш во државни установи или само приватни за да не им кратиш на тие загрозените. Второ го гледам ова Да, не зависев од тие 3000 тогаш. Ама како студент што немам никакви поволности у државава, ова беше дури и малку за мене. И ебено не ми се верува дека некој може да мрчи на економски мерки, особено за млади луѓе и студенти. Едит И многу нормално не се откажав тогаш. Си пазарев што можеше македонско, во кујната во маало што прават готови јадења си земав неколку пати. Грев е што си се најадов неколку пати?
Мене ебено не ми се верува дека ова го нарекувате економска мерка Останете среќни и задоволни во скенирањето, што друго да ви кажам.
Види што сум цитиралла од вајлд пред да пишеш. Мислев за тие 3000 купувам домашно пред две години што ги даваа Пошто и за тоа мрчела госпоџата. Да, беше ситница ама замисли, мрчела зашто ги давале некому.
Види сега, јас мрчам на мајндсетот кој кружи во темава, значи да се ќарат трошки под изговор еве сите крадат, зошто да не искористам и јас. Ако се политичарите ѓубриња не треба сите да бидеме. А приоритетите ни се избегани затоа што оваа држава нѝ должи многу повеќе, а не понижува и замајува, односно сами се понижувате со гребење за 300 ден. плус месечно. Колку време ќе потрошите да ја соберете таа сума, израчунајте дали вашето потрошено време е толку евтино.
Прво јас уште не можам да сфатам како тоа некој краде? Зошто се ѓубриња луѓето и како конкретно крадат? Ако начекаат од бензинска да им донесе некој едно купче, најверојатно неколку минути. Јас за тој износ би работела 2 дена пример. Така да не знам колку држи тој аргумент. Второ, делува како да си против целото скенирано генерално. Без разлика дали е своја сметка или туѓа. Тука веќе ќе се согласам дека мерката е глупа и е многу поедноставно само да им исплаќаат на одредени лица зависно од приходи конкретна сума и без да мора да се скенира нешто. Трето, менталитетот е тиња и да им речат воздухот да го плаќаме од денес, паќ никој нема да се буни. Тоа стои. Ама никако не гледам причинско-последична врска помеѓу скенирање сметки и општа безкичменост на народот. Таков си беше и пред скенирањето, таков ќе си остане и да се укине скенирањето. Последно, не сфаќам како изгледа сите во земјава раскинале со мултитаскинг. Ако скенираат сметки, не значи дека и покрај тоа не може да излезат и да се бунат за состојбата. Едното не го спречува другото. А протестирање, бунење, барање промени...сетоа тоа трае одредено време. Секоја промена нема да се случи инстантно. И замисли тебе ти доаѓа сметка за струја која си кнап и нема како да ја платиш. Е тогаш ќе скенираш. Некако многу елитистички одговори на темава. 1 800 х 3 тромесечија се 7 200 денари. Мини одмор ќе истерам со тие пари у земјава кои можеби инаку не би можела да си го дозволам. Или ќе си купам нешто за што сум мислела дека немам доволно пари. Разликата помеѓу нас и некои од тие други понапредни земји тука би била во смисленоста на законот. Тие не би ставиле вакви дупки да може да се користат. Инаку не би рекла дека и таму луѓето во сред криза како што настапува би биле над скенирање.
Лелее, во секој тема се исправаат криви дрини. Ај ако не затворете ги сите теми и бајачи и брачни неверства и врска со женет човек… и се. Нека не постои веќе форумот.
Их бе Вајлд изгледа помина модата на твојата либералност. Или е останата само за по секс темите. Каде беше вака силна кога Зоки и Филипче се возеа со хелохоптер од Прилеп до Скопје. Их да можете и тие 1800 ќе им ги земете на луѓето од раце. Ете мене како студент супер ми се наоѓаат тие 1800 на три месеци. Колку да си купам 2,3 книги. Ама, ете, многу биле. Смешки
Ако прочиташ веќе и си си одговорила на истото што и ја го тврдам. Мерката е можност за секој да си врати колку што истрошил. Официјално не е крадење, тоа и веќе го поентирав првиот пат кога пишав на темата, освен тоа што УЈП моментално дреме за фискалните од бензинските за кои двапати се враќа ддв, и од фирмите за кои издава фактура и од сметките шиткани за надополнување меѓу физички лица, ви е и вас од полза и на политичарите. Взаемно ја експлоатирате ситуацијата. Само вие за ебани 300 денари плус. Добро утро, нели за дискутирање е форумот, ако не ти се чита или не ти се допаѓа тоа што читаш, како да ти кажам, никој не те тера насила.