Чекај сама да си одговорам. Дури и да има, госпожа Вајлд ќе ни држи лекции тие што можеме сами да си дозволиме книги да не ги земаме тие пари туку да оставиме на позагрозените.
Со мојата плата од 300 евра супер ми доаѓаат тие 1800 денари најискрено нема што да се праиме. Ко што се зголемени сите трошоци секој денар е добредојден.
Значи да? На студент што и онака нема никакви привилегии во државата ќе му броиш потребни пари? Онака малце не ти паѓа грдичко? И стипендија зимав и од неа живеев. Ај наречи ме себична оти не ги дадов на некој што проси, ај пробај.
Еве трет пат ќе пишам овде, враќање данок преку сметки кои не си ги истрошил лично, законски не е крадење, бидејќи не постои пропис конкретен, иако самата мерка гласи Мој ддв и е точно пропишано како се користи. Ама ејј вие го заебавте системот, сега сте многу побогати.
А, шо тебе те дира стварно не разбирам? Твои пари да не враќаат? Се е тоа од нешто шо ти си купила со свои пари или некој што пуштил душа да ти даде сметка од 500 денари промет. На тие 500 само 5 денари враќаат поврат. Јаките пари. А, тие што ги ти даваш пари за тој буџет одат за тренирање на магариња и правење споменици од стиропор
Епа то де. Ако размислуваат вака, кога ќе дојдат на власт, истото ќе го практикуваат, само во поголеми размери.
Еве ти кажувам и без стипендијата ќе преживеев...некако. Ама замисли земав стипендија и ја трошев за себе. Не ја донирав на позагрозени.
Прво, овој дел што го напиша веќе Е крадење и официјално. Не смеат да се користат скенирани сметки за правдање материјални трошоци на фирмите. УЈП тука апсолутно треба да си спроведе контрола и да ги казни фирмите. Ние збориме за купување патлиџани од продавница и место да ја скенирам сметката ја, да ја дадам да ја скенира некој друг. Како ова е крадење? И ако ова официјално не е крадење тогаш како е експлоатирање? Што е проблемот? Како го кажа ова, ебани 300 денари. Епа ајде сите солидарно донирајте ги на членкиве од форум што скенираат чим се ситница. Работава заработувам доволно што ми е испод чест да се замарам со скенирање, ама сакам да им набивам грижа на совест на тие под мене што скенираат.
И ваква тема ли имало Скенирам, ама многу сум немарма, да не реќам заборавена. Никогаш не стасувам ни до половина од сумата. Затоа, навалете, донирајте вишок сметки, немам ништо против
На И стипендија некому повеќе треба од мене ама земав. И од буџет зиам таа стипендија. Не се откажав.
Ако ти доделат стипендија, тогаш твоја е. Ако не ти доделат, не е твоја. И од кај е то со платежните картички изваено? Не е од оваа тема?
Чекај да потупат уште малце за морални и етички вредности, криминал и економска криза па ќе дојдат на ред фискалните.