Општо овака, ми се има случено некој да сподели сметка и буквално ни секунда да не е помината а пишува сметката веќе скенирана..
Е кој рече дека не чини? Тоа е баш убаво и јас би праќала кога имам, само кажувам дека многу е чудно како во една секунда некој одма скенира и да дремеш на темава пак ќе пишува скенирана Посебно кога се повеќе сметки па тек тогаш, за помалце од една секунда скенирани 3,4 сметки
Епа како што пишаа погоре некој е побрз од вас Сигурно некој нема да губи време да ви праќа скенирани сметки
Не тресете глупости че ми ја налутите Аника, си имам стегнато да надгледувам темава и штом пиши таа, репетиран идам и неколку пати си имам скенирано.
Аман бе, и за ова ќе се искарате? Некој паметен се правел, праќал веќе скенирани сметки, дали сериозно ова? Некој едноставно скенирал побрзо од вас, а можеби подобро и ич да ја нема темава, да се заклучи, па барајте некаде на друго место за скенирање.
Не ми се верува дека за скенирање сметки се бламирате вака... Кај ви праќаат уште па се расправате за два денари дека не сте фатите. Страшно.
Не испокараа срам да им е јас имаме колешки група на вибер и некогаш пуштаат сметки ама за чудо таму стигнам да скенирам при крај сум, овде ќе ми се посреќи како 7 на лото хехехе Има овде дежурен скенирач за 2 ден дреме со брзина на светлината да скенира Не ме чуди и такви да има, конкретно не за ова ама еве и на фб имам приметено буквално одма објавено одма пишува сметката веќе скенирана, што знам.. Иначе јас скоро завршив не ми е ни битно само толку ли некој одма да дреме овде да чека некој да објави сметка и да направиш рефреш одма скенирано..