Mi e mrza, zesko mi e, korona imam, menstruacija imam... Ako vi e poarno da ziveeme vaka, neka bide vaka. Ama nemojte da ve cujam da kukate ako nekoj pravi isto ko vas (vlasta) Enable them. It's your right
Леле тупење безпотреба. Ти кажаа не е кривично дело и олабај Едит: Суштински промени сепотребни во државава шо нема да се случат безразлика од тоа дали Стојанка скенирала од на тетка и другарката братот или не
Колку луѓе има што буквално немаат што да јадат. Погледнете на фб само колку сиромашни семејства има без приходи, а вие овде ги исмевате луѓето на кои им значат 300 денари. Пу јаз'к.
Како мислиш? Каков плус? Знаеш ли дека и во земји како Германија се враќаат пари слично ко нашето ддв со сметки. Дали си запознаена со тоа?
точно. Моралноста се докажува со тоа дали ќе донираш јадење, обека и сл на некого или 100 ден на СМС или црвен крст, а не на фемина форум
Океј. Сум стигнала до 500 вкупно за сите 3 месеци, имам простор уште 1100 да враќам. Но сепак давам сметки што јас сум ги направила со мој ддв на друг да си ги помине, односно го донирам мојот ддв на нив зошто така јас сакам. Не крадат од мене, своеволно го донирам. Одбивам да го земам мојот ддв за себе, бирам да го донирам на друг.
Па донирај. И јас донирам. Ама не ги исмевајте ти и уште една како тебе луѓето на кои им значат тие ебани 300 денари
https://www.facebook.com/113741187390/posts/10158291634182391/ На ова дете шпагети од 50денари ќе му значат,одамна немало јадено. Знаете?
Оти вака не се буневте за купувам домашно картиците? Вајлд повеќе имаш пишано во темава отколку кога се запалија и згазија луѓе. Доволно ми е ова за да знам со кој влегувам во дискусија и какви аргументи има. За темава, има членки адвокатки што пишаа дека не е незаконско па така тие ми се поверодостојни од фемина експертите. Ако толку ви е мака што некој едвај зема (оти е реално тешко да се стигне до тие 1800) 1800 денари, нека ви е мака. Јас ќе си платам со тие пари барем нешто.
Ги заболе Нелегитимниот и компанија како народ скенира сметки. Не е крадење, донација е. Во други теми кажав како некој може на легален начин да се буни против системот ако сака. Еден бунт против донација не го решава проблемот.Дури смешно е да се буниш што некој сака на друг да му донира 300-600 денари додека правите лопови седат на фотелја и бројат милиони денари.
Темава доби сосема поинаков правец од тоа за што е отворена. Тагнете некој правник нека пише дали е незаконски да си ги споделуваме сметките и ако е во ред праќајте ако не нека се затвори темата и завршена работа. Џабе ќе се докажуваме во морални вредности само,
Ама тој данок во буџет јас го плаќам со самото купување. И наместо јас да земам мал дел од него, одлучувам некој друг да го добие тоа.
Сакам само да додам, како и на многу други теми, ништо не е црно - бело. Толку. И ако гледаме црно - бело ќе сме во агонија оти е вака и ќе си бркаме опашката во круг. Туку, де отворете нова тема за сметките, тука се развлече дискусијата. Колку луѓе ќе отворат и се сем сметки ќе најдат.