Ако во една фамилија сите кои пазарат ги собираат сметките на куп, па после ги скенираат на кој како му фали, и тоа е крадење? Чисто ме интересира зошто претеруваш @WildMk еве искрено ти кажувам. Јас сум пазарела, тоа е мој данок, данок кој го плаќам јас лично со и така огромните суми, цени и слично, и сега тој данок сакам да го дадам на еден на друг, што има тука нелегално да ми е да знам, ако не ги земам јас тие пари ќе ги земе некој друг без да се помачи и телефон да уклучи, јасно ти е? Поарно колегата или мајка ми да ги земат. Малку повеќе се замараш со туѓите џебови.
А што е разлика дали рецимо татко ми ќе извади 500ка од новчаник и ќе ми ја даде на рака или ќе ми даде неколку големи сметки од кои ќе ќарам 500? Во првиот случај не крадам ама во вториот да?
Се изнаплачив некни за детето, од секоја можна храна шпагети побара. Онде милиони од буџет трошат за сметки во кафани, се гоштеваат на наша сметка, ние со 600 ден месечно фискални донирани од друг, сме крадци. Абе ајдее..
Дури ми сте чудни колку коментари имате изнапишано со сериозно објаснување, свртете на хумор дечки Баш
Каде бе луѓе ви е солидарноста и емпатијата за друга личност што ви вели кнап сум месецов со пари и нема да стасам до лимит ми требаат фискални? Оттуѓени и злобни испаѓа дека сте, го краделе буџетот та буџетот Тие пари се наменети за тоа, однапред е одлучено колку ќе се излева за народот за овие цели. Сите не скенираат сметки, имаш богата раја на кои 1.8к им е зафрканција за 5мин. им летаат, тие не скенираат а даваат и ајде сега да ги обесиме на плоштад за тоа? Друго се жалевте да се укине меркава, ваква била таква била, па една од целите за која се воведе е да се спречи или поднамали сивата економија, да се бараат фискални од купувачите, ама кој да сфати е раб. Многу беден народ, ама беден во душите сме постанале, еве читаме на темава.
Не ми е јасно зошто да не споделиме слика со сметка на некој што му фали? Сум купила нешто со мои заработени пари, сум платила данок и тој повраток што ми следи го давам на некој што има потреба за него повеќе од мене. Како е тоа крадење? Тоа е исто ако дадам мои 500ден. пример на некој. Ако е ок да се споделуваат такви слики не гледам апсолутно никаков проблем. Реално за мои пари што сакам ќе правам, ни крадам ни па земам некому.
Леле камо бе да имаше dislike button/"не ми се допаѓа" копче испод сечие мислење Место да се коментира за насловот на темите на форумов, се дели морал. Па зато форумов е и мета на потсмев и треба и да остани. (Во однос на темава-никој не ве тера да сликате сметки и да ги клавате тука, никој не ви бара повраток со сила. Ако вие можите да си дозволите епа јас не можам и некој тука шо ќе клај сметка/ќе ми прати во порака ми е поќе од добредојдено ) Олабајте
На државата целта и е да си бараат луѓето фискални сметки за да не се работи на црно и фирмите да си плаќаат данок како што треба. А воопшто не и е битно кој идали после ќе ги скенира сметките, зошто целта заради која и е направена мерката е остварена. Не го измислија ова за да помогнат на оние кои немаат, туку да ја подигнат свеста на луѓето за барање на сметки и со тоа намалување на сива економија. Како и да е, и 100 ден да ти вратат, е добредојдено, секако тие пари што ти се наменети за трошење во тек на месецот ќе ги потрошиш, без разлика дали ќе ги скенираш сметките или не.
Технички, ДДВ-то од секоја сметка што не е скенирана го сметаат како донација на државата, дури мислам дека баш со овие зборови го кажа некој од политичарите. И као демек таа донација ќе се користи за загрозените после, така да според мене легално исто ти се фаќа дали ќе ги донираш на загрозените преку државата или преку давање фискални. А морално не ти се фаќа исто, поморално е директно да им ги дадеш јер знаеме кај завршуваат ,,донациите" кон државата.
МојДДВ и така е една од најпреварантските популистички мерки. Имам зборувано со другар, кој е магистер на Економскиот факултет, работи во банка многу години, само ми кажа дека мерката е тешка глупост и дека обичен човек од работничка класа, па и средна класа, ќе му се слеваат минимални пари. Отприлика 200-300 денари. Ако навистина сакаат да се слеваат парите кај граѓаните, тогаш нека го намалат ДДВ, нека намалат даноци, нека го намалат буџетот, нека ги намалат непотребните трошкови. Само обични фарси, но на неписмен народ се можеш да му продадеш
Да да, навистина се поднамали сивата економија. Пола Западна Македонија нема фискални апарати, инспекција не влегла со години, данок не знаат што е. Затоа по македонскиве населби УЈП тормозат обични пиљари што врзуваат едвај крај со крај секој месец. Јас немам ништо против луѓе што заработуваат и трошат пари на одмори и облека. Не барам емпатија од нив, туку барам одговорност од тие што земаат плата да направат економијата да се развива, да донесат странски инвестиции, да ги помагаат домашните фирми, да се раздвижи пазарот на труд, платите природно да се креваат, да има еднакви услови и закони за сите. Вклучително и за тој во Пехчево и за тој во Тетово. Барам одговорност зошто буџетот е се поголем, а парите никаде не ги гледаме. Да не зборувам за тендери итн...
Мене ова тема ми е малку безвезе Игра на среќа фактички кој ке стигне да скенира во ред, кој не само ке си се радува на празно, подобро е да ги праќате во порака на тие што знаете дека немаат наполнато
Да бе, сакаш криминал да напрајме и во зандани да завршиме Бегај таму, ни фискални ти сакам ни ништо Да, баш политичарите гледаат и ситниот денар да му го доземат на народот, а народот само скенира фискални за кој платил ДДВ за да врати колку толку некоја пара назад
Мене не ми е јасно како да ја скенирам фискалната кога на форумов сум од телефон? На работа фали уште телефон да држам пред компјутер па да ме однесат у Бардовци