Надреализмот ми претставува огромно задоволство и љубител сум на надреализмот како правец и во книжевноста и во уметноста. Ама во уметноста особено. Не можам да им се наситам на прекрасните дела кои уметниците ги прават. Колку што видов, тука нема некоја тема конкретно за ова, па решив да отворам со цел да споделиме некои убави слики од овој правец, и да си напраивиме вака една убава галерија. Па,ајде за почеток еве неколку од мене :
Салвадор Дали! - ете на што ме асоцира темата. Се имам изјаснето и во друга тема дека Дали не ми е баш по ќеф. Мада и целиот надреализам како правец за кој ми преповеда Фројд ме нервира, колку и на моменти да се согласувам со него. Потсвеста како носител на вистината, знае да даде неверојатни дела. Салвадор Дали си стои зад неговите симболи и зад својот правец, но јас подразбирам нешто друго и нешто подуховно. Точно дека сликите даваат некаква нота на надреалност, но мене таа ми е многу надворешна и туѓа. Ако разумот е тој кој дава цензура и ако сликарите внесуваат свои симболи - очекувам близина! Еве нешто што ми се допаѓа:
Надреализмот го преферирам во пишана форма, од причина што веќе смачено ми е од реализам и начинот на кој успева да го завитка секојдневието во сива испокината фолија. Надреализмот ми е како издувен вентил, не е фантазија, ама не е ни толку болно реално да те тресне од земја. Златната средина, остава простор и да се пронајдеш и да си протолкуваш на твој начин. Што се однесува на ликовна уметност пак, воопшто не го сакам. Ми се допаѓа по малку психоделичниот момент, меѓутоа во ова поле преферирам реализам чисто заради тоа што имам остро критичко око, а со реализмот не можеш многу да избегаш ве некое сокаче и да избегнеш критика. Или е или не е.
Салвадор Дали, Макс Ернст како на претставници на надреализмот, им се восхитувам на нивните слики. Тука се и оние на Владимир Куш, лично мене, најомилени ми се. Во прилог има неколку прекрасни слики на Владимир Куш.
Надреализмот всушност се базира на изразување на фантазиите преведени од соновите. Јас го обожувам надреализмот како правец ,но повеќе во уметноста. Сликите се невообичаени, никогаш не се здодевни ,и имаат некој психоделичен примес. „Рајот не е горе на небото, туку во срцето на човекот.“ „Има само една разлика помеѓу мене и луд човек. Лудиот мисли дека е нормален, јас знам дека сум луд.“ -Салвадор Дали Еве нешто и од мене
Според мене Салвадор Дали е татко на надреализмот Уметност која остава без зборови. Слики во кои можам со саати да гледам и размислувам за нивната суштина. Секоја чест на оние кои ја владеат оваа техника и начин на уметничко изразување.
Frida Kahlo ми е апсолутен победник кога помислувам на надреализмот.... Why do I need feet when I have wings to fly..... Идол ми е најголем....
Лелеееее, постоела тема само за овој стил? Го обожавам во последно време, отсекогаш ми бил интересен ама мислам дека после спотот за Up&up на Колдплеј највише почнав да го обожавам и истражувам Дефинитивно многу креативност треба за вакви композиции
Надреализмот не ми е омилен, некако ми го оптоварува мозокот, но тоа не значи дека не ме фасцинира, напротив Фрида Кало ми е некако ептен морничава Салвадор Дали го сакам во повеќето негови дела е прикажана љубовта, Дала, негова муза
Секое уметничко движење за мене си има посебна убавина, а надреализмот навистина многу ми се допаѓа. Надреализмот е уметничко движење основано од францускиот писател Андре Бретон (1986-1966). Со ова движење тој сака луѓето да ги направи послободни. Според Бретон надреализмот настојува да го открие реалното функционирање на мислата. Тој тврди дека модерното општество го заробува секој поединец, го ограничува изразувањето на неговата личност и ја уништува неговата креативна способност. Длабоко во сите нас би можел да се најде таинствен свет на желби, еден избеган свет, свет кој може да го открие уметноста, ако уметникот дозволи да биде воден целосно од својата инспирација. Од 1920 до 1960 година надреалистите лансираат ревии, организираат изложби и спектакли. Измислуваат нови слики и нови начини на создавање уметност. Понекогаш пронаоѓаат тенденции од минатото, кои им се чинат интересни, или пак, се интересираат за нешто што не и припаѓа на уметничката традиција на Европа. Овој нов поглед што надреалистите и го дале на историјата на уметноста најдобро го одбележува нивното влијание. Надреалистичкото движење е создадено во Париз, во 1924 година. Но, уште од 1916 година, додека во Европа беснееше Првата светска војна, во Цирих е основана огранизација на уметници што ги повикувале поединците да му се спротистават на општеството- тоа е движењето дада. Некои уметници, како Американецот со француско потекло Марсел Дишан 1887-1968 понекогаш се претставува истовремено и како дадаист и како надреалист. Всушност, и двете движења ја сакаат провокацијата. Едно списание што излегувало во Париз од 1924 до 1929 година , под име Надреалистичка револуција, објавило ваков проглас : Отворете ги затворите, распуштете ја војската! Надреалистичката уметност се развивала во две насоки. Во првата, уметникот импровизира без ништо да определува однапред. Неговите потези се водени случајно, што надреалистите го именуваат со автоматизам. Шпанскиот сликар и вајар Хоан Миро (1893-1983) му припаѓа на тој правец.Другата тенденција се состои во тоа што уметникот уште на почетокот замислува една надреална слика. На пример, едно лице се отвара како конзерва, во сликата Двојна тајна на белгискиот сликар Рене Магрит (1898-1967). Претставниците на оваа втора тенденција се побројни. Меѓу нив се наоѓа и Салвадор Дали. Тие се трудат, пред се, да го зачудат гледачот! Тие измислуваат слика што има реален изглед, но би била невозможна во истата таа реалност. Во делото Надреализам и сликарство Андре Бретон сака да покаже дека надреализмот е фундаментална тенденција во уметноста. Тој ги означува сите уметници што одговарале на такво очекување: Пабло Пикасо, Анри Русо, дури и анонимни уметници, како што се галските гравери, кои биле ценети од надреалистите поради слободата искажана во цртежите на монетите. РЕНЕ МАГРИТ - Двојна тајна ХОАН МИРО - Холандски ентериер АНРИ РУСО - Бајачка со змии